Дали размислувате логично: Ќе успеете да одговорите на овие 9 прашања?

Одговори:

1. Има 4 туристи. Ако внимателно разгледате можете да видите 4 прибори за јадење на ќебето за пикник и 4 имиња на листата за должности.

2. Тие пристигнале пред неколку дена. Тоа го забележуваме од пајакот кој успеал да сплете мрежа меѓу нивниот шатор и дрвото.

3. Дошле со чамец. Можете да забележите весла покрај дрвото.

4. Многу блиску има село. На сликата се гледа кокошка која слободно се шета, што значи дека дошла од некаде блиску.

5. Ветрот дува од југ. Знаме кое ја покажува насоката на ветрот е поставено на врвот од шаторот. Како знаеме која насока е која? Погледнете ги дрвјата, нивните гранки се обично подолги на јужната страна.

6. Утро, врз основа на одговорот од претходното прашање, знаете да одредите каде е север а каде југ. Сега можете да го направите истото и со исток и запад и да го одредите времето врз основа на сенките.

7. Алекс фаќа пеперутки. Можете да ја видите мрежата зад шаторот.

8. Колин бил на должност вчера. Колин бара нешто во ранецот (кој е означен со „С“). Алекс фаќа пеперутки. Џејмс слика (можете да видите статив за апарат како излегува од неговиот ранец), што значи дека Питер е на должност денес, а Колин бил вчера.

9. Според листата за должности, денес е 8 август, бидејќи Питер е на должност а има лубеница на земјата (лубениците зреат во август).

М. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Квиз: 10 загатки за луѓе со остар ум – Колку ќе погодите? Таткото на Мартин има три синови. Двајцата се викаат Ристе и Петар, како се вика...
Јазичен предизвик - Што е „коркач“? Ако некој рече „Брат ми никогаш не бил коркач“, што сака да каже? Знаете ли што ...
Јазичен предизвик - Што е чикмак? Дали некогаш сте го слушнале зборот „чикмак“? Знаете ли што значи? Во кој регион...
Загатка за сите со висок IQ: Кој број треба да стои на местото на прашалниците? Ако сте добар математичар, имате висок IQ или ако логиката ви е силна страна, ле...
Загатка која ќе ви го „загрее“ мозокот: Што е одговорот? Што е тоа што доаѓа од рудник, а е опкружено со дрвена обвивка? Ќе погодите ли? ...
Математичка загатка што ќе ве измачи - Кој е точниот резултат? Дали со само еден поглед на трите равенства ќе сфатите како треба да ја решите о...

Најчитани неделава