Најтешката логичка загатка која постои: Колку луѓе на островот имаат зелени очи?

logicka-zagatka-kolku-lugje-na-ostrovot-imaat-zeleni-oci-1.jpg

Важно е да се знае дека не е важна бројката на затвореници. За поедноставување на задачата, можеме да кажеме дека има само двајца затвореници пример, Марко и Александра.

Еден меѓу друг знаат дека другата личност има зелени очи и претпоставуваат дека токму таа личност може да биде единствена која има зелени очи.

Првата ноќ по изјавата и двајцата чекаат. Следното утро гледаат дека и двајцата сè уште се таму, па тоа им дава индикација.

Александра сфаќа дека ако таа нема зелени очи, Марко ќе си заминел уште при првата ноќ. Истото важи и за Марко.

Сфаќаат дека ако и двајцата останале првата ноќ, тоа значи дека и самите мораат да имаат зелени очи.

Па, и двајцата затвореници следната вечер ја бараат својата слобода.

Истото важи и ако имаше тројца затвореници - Александра, Марко и Дејан.

Секој од нив гледа дека останатите двајца затвореници имаат зелени очи, но не се сигурни колку луѓе со зелени очи гледаат другите.

По изјавата првата ноќ сите остануваат.

Следното утро Марко размислува: Ако моите очи не се зелени, тогаш Александра и Дејан само еден меѓу друг гледаат дека имаат зелени очи. Тоа значи дека и двајцата ќе заминат втората вечер.

Кога следното утро сите тројца повторно се будат на островот и сфаќаат дека никој не си заминал тогаш можат да бидат сигурни дека и самите имаат зелени очи, па си заминуваат третата ноќ.

Ова се нарекува индуктивна логика. Може да се зголеми бројот на затвореници, но логиката останува иста.

Затворениците не добиваат нова информација, но на еден начин сфаќаат нешто по вашата изјава, затоа што истата информација ја добиле симултано.

Сфаќаат дека не само што барем еден од нив има зелени очи, туку и дека секој друг може да види останатите дали имаат зелени очи.

Тоа што секој затвореник не може да знае е дали и самиот има зелени очи.

Тоа ќе може да го открие само според бројот на ноќи кои поминале на островот еднаков на бројот на затвореници.

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Загатка што ќе ве измачи: Како е можно да се добие 30? Ако ви се предизвик математички загатки, тогаш ќе уживате додека ја решавате ова...
Логичка загатка: Колку нозе има на подот? Дали размислувате логично и „надвор од кутијата“ или логиката не ви е силна стра...
Трик прашање за луѓе со детективски ум: Како возачот ја видел мачката? Ги тестираме вашите детективски способности со еден едноставен случај... Како е ...
Загатка за умни глави: Што купив најпрво? Дали сакате да решавате загатки и досетки? Ако да, тогаш сигурно оваа загатка ќе...
Загатка која ќе ви го размрда мозокот - Поместете едно чкорче и добијте точно равенство Дали сакате математички предизвици? Ако сакате, тогаш оваа загатка е само за вас...
Лесна, но и малку предизвикувачка загатка: Кога е возможно ова? Дали сте од оние луѓе што сакаат загатки? Прочитајте го прашањето и пробајте да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg