Давид Темелков со одлична изведба на песна од Тоше (видео)

Давид Темелков настапи во втората вечер од третото Live шоу како последен со песната „Једина “ од нашиот незаменлив Тоше Проески.

david-temelkov-so-odlicna-izvedba-na-pesna-od-tose-video-01

Испеа достојно и емотивно, без поголемо опуштање и модулации. Покажа моќ во гласот и остави личен печат на изведбата.

Целата публика ја пееше песната во еден глас заедно со него, што е доволен доказ за тоа дека успеа да ја освои.

Жирито имаше само позитивни коментари меѓу кои Жељко го пофали за тоа како се снајде во песна која оригинално е маестрално изведена од Тоше, но тој успеа да биде на висина на задачата.

Тончи имаше единствена забелешка дека не треба да биде толку нежен, фин и скромен и може да покаже малку поголема цврстина и мажественост.

За Масимо е нежен, романтичен и константен што најмногу му одговара. Александра го поддржа за одличната изведба и искоментира дека постоеше еден Тоше Проески, но постои и еден Давид Темелков.

Давид продолжи понатаму, но за жал, испадна онаа која штотуку се врати, екстравагантната Даниела Вечерановиќ.


Погледнете го настапот на Давид:

За време на гласањето на сцената настапи и нашата Елена Ристеска која ја промовираше својата нова песна на српски јазик „Доживотно“.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg