Од 17-ти јуни почнува ретроградниот Сатурн - Како ќе влијае на секој хороскопски знак?

Водолија - на прво место во следните неколку месеци ќе ви бидат парите, бидејќи ретроградниот Сатурн ќе влијае на вашата финансиска ситуација.

kako-kje-vlijae-retrogradniot-saturn-koj-trae-do-4-noemvri-na-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

На 17 јуни 2023 година, Сатурн го почнува своето ретроградно движење во знакот на Риби и тоа ќе трае сè до 4 ноември, кога неговото влијание ќе почне да се намалува. Ретроградниот Сатурн има помало космичко влијание од ретроградниот Меркур, но сепак носи промени кај сите хороскопски знаци. 

Ретроградниот Сатурн може да донесе конфузија, несигурност и страв од измама кај некои хороскопски знаци, а просперитет кај други. 

Како ќе влијае ретроградниот Сатурн на секој хороскопски знак?

Овен

Овие неколку месеци размислете за работите што ве влечеа назад периодов и како да смените нешто кај себе.

Дали стоите во место поради недостиг на самодоверба или недоволна дисциплина?

Не се плашете да сонувате поголеми соништа и да пробате да ги остварите.

Бик

Во текот на следните месеци ќе мора да повлечете линија меѓу вас и луѓето што ве окружуваат.

Ќе се најдете во ситуација кога некој ќе се обиде да го тестира вашето трпение – како ќе реагирате зависи од моменталното расположение.

Ако некој упорно се обидува да ви каже дека не можете да направите нешто, докажете му дека не е во право.

Близнаци

Ретроградниот Сатурн ќе влијае најмногу на вашата 10-та куќа која е поврзана со кариерата и работните обврски.

Ако ви треба деловна стабилност, следните неколку месеци се одлични да се фокусирате на работата и да постигнете успех, без оглед во која бранша и да работите.

kako-kje-vlijae-retrogradniot-saturn-koj-trae-do-4-noemvri-na-sekoj-horoskopski-znak-02.jpg

Рак

Кога ќе почне ретроградниот Сатурн вие ќе почнете да размислувате се работите што ви се важни и во коишто верувате.

Ќе се обидете да се фокусирате само на нив, па до крајот на септември, вашите напори ќе вродат со плод.

Сепак, дозволете си и да се опуштите, а не да се посветите само на тоа што ви ги окупира мислите.

Лав

Со почнувањето на ретроградниот Сатурн, кај вас ќе се појават чувства на конфузија, измама, страв, ќе замислувате работи кои не постојат.

Сето ова може да ви ги наруши односите со луѓето од вашата околина.

Но, како што ќе одминуваат месеците, ќе сфатите дека не треба да бидете негативни во однос на блиските луѓе и дека сите „теории на заговор“ против вас се само во вашата фантазија.

Девица

Ретроградниот Сатурн ќе влезе во вашата 7-ма куќа, односно куќата на љубовта.

Затоа до ноември главна преокупација ќе ви биде љубовниот живот и вашата врска.

Слободните Девици ќе направат сè за да најдат партнер, дури и со сила, па ќе се разочараат ако не успеат во тоа.

Уште шест знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
3 хороскопски знаци кои најмногу се радуваат на туѓата несреќа Близнаците откако ќе дознаат за туѓа несреќа, почнуваат да се јавуваат кај прија...

Најчитани неделава