Финансиски хороскоп за јули 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите?

Вага

Месецов не дозволувајте да ве вознемируваат некои деловни проблеми кои се заостанати од минатиот период.

Во првата половина на јули фокусирајте се на себе и своите моќности, а по 19-ти јули ве очекуваат позитивни промени и можност за добивка – покачување на платата или бонус за добро завршената работа.

Скорпија

По 10-ти јули ве очекуваат значителни подобрувања на финансиски план.

Ќе добиете нова можност за деловна соработка, професионален развој и вложување во себе и своето знаење.

Ова ќе ви донесе повеќе пари на долгорочен план.

Затоа не ја одбивајте понудата што ќе дојде неочекувано.

Стрелец

Од 17-ти јули ве очекуваат позитивни промени на деловен план и можност за финансиска добивка.

Избегнувајте натпреварувачка атмосфера или ривалство со соработниците – тоа само може да ве дефокусира од зацртаната цел.

Пред крај на месецот некои Стрелци ќе имаат неочекуван прилив на пари.

finansiski-horoskop-za-juli-2023-koj-znak-kje-se-zbogati-a-koj-kje-ima-problemi-so-parite-03.jpg

Јарец

Ова ќе биде променлив месец за вас на финансиски план.

Можна е мала финансиска криза во првата седмица од месецот.

Важно е да ги завршите сите поголеми обврски до 24-ти јули, ако сакате да напредувате во кариерата, но и мирно да ги поминете август и септември.

Водолија

За некои Водолии ова ќе биде одличен месец, бидејќи конечно ќе ги почувствувате позитивните резултати од вашата напорна работа.

Ако некој ви должи пари, време е да си ги побарате назад.

По 23-ти јули важно е да решите некои имотни или статусни прашања.

Риби

Ако сакате да бидете добри на работа, месецов побарајте совет или поддршка од колегите.

По успешно завршената работа, очекувајте финансиска награда.

Крајот на месецот е одличен на финансиски план, па ако сакате да купите недвижнина или нешто поголемо – сега е вистинско време за тоа.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Финансиски хороскоп за ЈАНУАРИ 2026 - Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Ракови - Овој месец вашите финансии повеќе ќе зависат од другите луѓе откол...
Финансиски хороскоп за јуни 2026: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат парична загуба? За Лавовите ова ќе биде финансиски нестабилен месец и постои можност за загуба, ...
Финансиски хороскоп за април 2026: Кои знаци ќе се збогатат, кои ќе останат без пари? Бикови - Овој месец ќе бидете магнет за пари и можно е да имате финансиски прили...
Финансиски хороскоп за ноември 2025: Кои знаци ќе добијат повеќе пари, а кои ќе имаат загуба овој ме... Ноември ќе биде поволен месец на финансиски план за Лавовите, особено оние кои и...
Финансиски хороскоп за јули 2026: Кои знаци ќе имаат добивка, а кои ќе загубат пари месецов? Девиците што работат во семејна фирма или кај пријатели, во јули ги очекува пого...
Финансиски хороскоп за октомври 2025: Кои знаци ќе имаат загуба, а кои добивка овој месец? Октомври ќе биде неповолен месец на финансиски план за Овните, до толку што неко...

Најчитани неделава