Која е вашата тајна опсесија, според хороскопскиот знак?

koja-e-vashata-tajna-opsesija-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага – Флертување

Опседнати се со тоа да постигнат баланс и добри односи со секоја личност што ќе ја запознаат. Често станува збор за привлечни личности што знаат својот изглед одлично да го надополнат со добра облека, а главна цел им е да им се допаднат на луѓето.

Опседнати се со тоа да направат луѓето со нив да се чувствуваат удобно и слободно, а најчесто ги освојуваат другите со голем број комплименти и бесрамно флертување.

Скорпија – Криминални приказни

Скорпијата владее со осмата куќа на сексот, смртта и тајните, па затоа тие копнеат да навлегуваат во сè што е мрачно и мистериозно.

Имаат голем интерес за психологијата и истражувањата, па затоа често имаат потреба да ги разоткријат мотивациите и потребите на другите луѓе, за да дознаат што се случило.

Можеби нема да ви признаат, но Скорпиите се опседнуваат со гледање документарни емисии за криминални стории, во кои имаат можност да дознаат за лагите, закопаните вистини и мистерии на другите луѓе.

Стрелец – Да ја најдат вечната младост

Стрелците се како Петар Пан – тие се големи деца во Зодијакот, што упорно одбиваат да пораснат.

Сакаат секогаш да се чувствуваат млади и така и му приоѓаат на животот. Кога сакаат да остварат нешто, знаат да бидат упорни како неразумни тинејџери и да не се обидуваат да ги согледаат препреките што се пред нив.

Нивната опсесија да се чувствуваат млади може да ги наведе да влезат во опасни ситуации, кои многупати може да бидат и животозагрозувачки.

Јарец – Да бидат најдобри

Секој Јарец ќе ви каже дека на врвот има место само за еден човек, а нивна цел е постојано да ги искачуваат тесните и стрмни патишта до него.

Иако многумина велат дека Девиците се перфекционисти, вистината е дека опсесијата за совршенство кај Јарецот е многу подлабока затоа што тој има само една цел – да биде најдобар во сè што прави.

Друг интересен момент кај нив е тоа што не веруваат на туѓите пофалби и признанија, туку се чувствуваат задоволни само тогаш кога знаат дека успеале да ги исполнат сопствените високи критериуми и очекувања.

Водолија – Нови откритија

Тие сакаат да направат нешто што никој не го направил пред нив. Да успеат во тоа што никому претходно не му успеало, а на тој начин да обезбедат подобра иднина за сите.

Копнеат да бидат новиот голем истражувач во светот, чиешто име е познато насекаде.

Затоа воопшто не зачудува фактот што тие се опседунуваат со изучување на технологијата, астрономијата или пак механиката.

Риби – Езотерија и теории на заговор

Постојано фантазираат и познати се по тоа што сакаат да ги исстражуваат границите на сопствениот ум.

Затоа често Рибите се опседнуваат со езотерични науки, приказни за духови и за духовното, за тајните здруженија, религијата, а склони се кон тоа и да веруваат во теории на заговор.

Сè што е мистично, необјаснето и магично е интересно за Рибите и брзо станува предмет на нивната опсесија.

Освен тоа, кога се вљубуваат Рибите често знаат да го идеализираат партнерот, па затоа брзо стануваат опседнати со него.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Како секој хороскопски знак сам си ја уништува љубовната врска? Многу Водолии не можат да преболат некоја стара љубов. Тие често мислат на ...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg