Финансиски хороскоп за октомври 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите?

finansiski-oktomvri-02.jpg

Вага

Во првата половина на октомври се можни мали финансиски проблеми, па затоа детално испланирајте како ќе ги трошите парите овој месец.

Не размислувајте за финансиски вложувања, особено ако не сте сигурни дека ќе ви се вратат парите.

Но, пред крајот на месецот е можно да добиете интересна, а сепак ризична деловна понуда.

Консултирајте се со експерт пред да прифатите.

Скорпија

Ако имате приватен бизнис, ова е одличен месец за нови вложувања кои за кратко време ќе ви донесат финансиска добивка.

Оние Скорпии кои не се задоволни од работата, можат да размислат за промена, но дури во втората половина на месецот.

Но, не прифаќајте друга работа пред да ги договорите деталите за платата, покачувањата и бонусите.

Стрелец

На почетокот на месецот некои Стрелци ќе поминат низ мала финансиска криза, но состојбата ќе се стабилизира до средината на октомври.

Колку и да ви делува дека ситуацијата е лоша, не земајте кредит или позајмица за да се обидете да ги решите проблемите.

Јарец

Ова е месец во кој ве очекува поголема финансиска добивка.

Тоа може да биде поврзано со вашето хоби, со работата на проект кој не е поврзан со вашата редовна работа или хонорарна работа што веќе сте ја завршиле и веќе некое време чекате да ви биде исплатена.

Ова е добар период и да почнете со приватен бизнис, доколку имате идеја која се плашите да ја реализирате.

Водолија

Во текот на октомври некои Водолии ќе добијат покачување на платата или бонус за добрата работа.

Не ги трошете овие пари, туку тргнете ги на страна и сочувајте ги за некое идно финансиско вложување или за да купите нешто големо и скапо во домот, особено ако планирате реновирање или ако уредувате нов стан или деловен простор.

Риби

Месецов ќе имате креативни идеи кои ќе го привлечат вниманието на вашите претпоставени, а тоа може да резултира со парична награда.

Финансиската ситуација ќе ви биде стабилна, но сепак не ги трошете парите неконтролирано.

Ако некој близок ви побара пари на заем, размислете дали ќе му ги позајмите (особено ако сте сигурни дека нема да ви ги врати веднаш).

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Финансиски хороскоп за ЈАНУАРИ 2026 - Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Ракови - Овој месец вашите финансии повеќе ќе зависат од другите луѓе откол...
Финансиски хороскоп за април 2026: Кои знаци ќе се збогатат, кои ќе останат без пари? Бикови - Овој месец ќе бидете магнет за пари и можно е да имате финансиски прили...
Финансиски хороскоп за јуни 2026: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат парична загуба? За Лавовите ова ќе биде финансиски нестабилен месец и постои можност за загуба, ...
Финансиски хороскоп за ноември 2025: Кои знаци ќе добијат повеќе пари, а кои ќе имаат загуба овој ме... Ноември ќе биде поволен месец на финансиски план за Лавовите, особено оние кои и...
Финансиски хороскоп за јули 2026: Кои знаци ќе имаат добивка, а кои ќе загубат пари месецов? Девиците што работат во семејна фирма или кај пријатели, во јули ги очекува пого...
Финансиски хороскоп за октомври 2025: Кои знаци ќе имаат загуба, а кои добивка овој месец? Октомври ќе биде неповолен месец на финансиски план за Овните, до толку што неко...

Најчитани неделава