Со која техника за манипулација се користи секој хороскопски знак (и како да го разоткриете)?

so-koja-tehnika-za-manipulacija-se-koristi-sekoj-horoskopski-znak-i-kako-da-go-razotkriete-02.jpg

Вага

Тежнеат кон хармонија и баланс, па имаат дипломатски однос. Знаат како да манипулираат користејќи го сопствениот шарм и можноста да играат на „двете страни“, така што ја манипулираат ситуацијата во сопствена корист.

Очекувајте дека може на некоја забава сосема случајно да раскажат некоја случка која ви се случила за да ги насмеат другите, а вие ќе се чувствувате засрамено и ќе почнете да го преиспитувате сопственото однесување.

Скорпија

Флертување, планирање, користење на грижа на совест, поткуп... Ова се само некои од широката лепеза на техники за манипулирање со кои што се служат Скорпиите. Но, друго не може да се очекува од луѓето што важат за најголеми манипулатори во Зодијакот.

Важат за големи психолози, кои знаат добро да ги разоткријат туѓите слаби страни и тајни и да го искористат тоа за да станат доминантни во односот.

Стрелец

Имаат огромна потреба за слобода и авантури, па најчесто манипулираат за да ги остварат тие цели.

Знаат како да ги убедат другите да ги следат плановите за луда забава, но и за остварување на целите што ги замислиле.

Очекувајте да ви побараат совет, а потоа да ве разубедат зошто не сте во право и зошто треба да ги следите нивните примери.

Јарец

Амбициозни и практични, па најчесто манипулираат со другите за да ги остварат сопствените планови за успех.

Како лидери често знаат да манипулираат така што ќе ви ветуваат одредени награди или признанија, а нивните ирационални идеи и барања секогаш имаат рационални објаснувања, по што ќе поверувате дека се во право.

Водолија

Познати се по тоа што размислуваат независно и се уникатни. Манипулираат така што ги ставаат под знак прашалник воспоставените норми и правила и ви нудат уникатни перспективи и идеи, за кои ќе помислите дека воопшто не ви е јасно како порано не сте се сетиле.

Ако им замерите затоа што направиле нешто со што ве повредиле, не очекувајте „да се извинат затоа што размислуваат поинаку од вас“.

Тоа ќе ви го кажат со толку смирен тон, што ќе почнете да верувате дека вие сте згрешиле.

Риби

Велат едно, а прават нешто сосема трето. Очекувајте дека знаат како да манипулираат со вашето чувство на емпатија и да ви глумат жртви, со цел да ги освојат вашите симпатии и со тоа да ве контролираат.

Ќе ве разубедат дека ви е сте многу подобри од нив во многу работи и ќе ве убедат дека вие треба да ги реализирате работите, за да спречите тие да предизвикаат катастрофа.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...

Најчитани неделава