Финансиски хороскоп за декември 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите?

finanskiski-horoskop-dekemvri-2023-02.jpg

Вага

Знаете како да управувате со парите и токму затоа нема да се мачите во текот на декември. Ѕвездите ви се наклонети, па ако сте планирале финансиски вложувања, или да купите автомобил, стан или да уплатите некое патување, сега е вистинско време да го направите тоа.

Некои Ваги ќе имаат можност да заработат пари преку хонорарна работа.

Скорпија

Овој месец ќе ви биде поволен на финансиски план. Иако имате големи трошоци, сепак ќе успеете да ги распоредите парите. Некои Скорпии ќе бидат изненадени дека им останале повеќе пари од она што очекувале.

Тргнете го вишокот настрана, сега е добро време да заштедите нешто. На некои, пак, ќе им требаат пари – не земајте кредит ни заем од заложни куќи, туку, ако мора, побарајте од пријателите.

Стрелец

Ова е месец на штедење. Уште на самиот почеток на декември ќе почнете да тргате пари настрана - нешто за периодот околу празниците, а нешто за големо финансиско вложување за кое размислувате одамна.

Сепак, не се „стискајте“ и поради желбата да заштедите, немојте да се лишите од сите работи што ви причинуваат задоволство.

Јарец

Овој месец ќе биде мирен и без турбуленции на финансиски план. Ќе имате доволно пари за мирно да ги поминете следните денови, но и за ситен луксуз пред празниците. Размислете за штедење.

Дали можете да одвојувате мала сума пари секој месец и да ги тргате настрана? За неколку месеци од сега ќе сфатите дека е добро што сте направиле мала залиха.

Водолија

Финансиски гледано, ова не е многу поволен месец за вас. Мора да направите рестрикции во однос на буџетот и да го намалите трошењето ако не сакате да останете без пари уште на средината на декември.

Сепак, работите ќе се подобрат кон крајот на месецот, кога некои Водолии ќе добијат понуда за подобро платена работа или работа поврзана со странство.

Риби

Ова е одличен месец на финансиски план. Некое вложување од минатото конечно ќе ви се исплати, а постои можност и да добиете бонус на работа поради добрите резултати што ги покажавте изминатата година.

Но, не почнувајте да трошите повеќе од вообичаено, барем не додека не ви „легне“ вишокот пари на сметка.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Финансиски хороскоп за јули 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите? Рак - Напорната работа ќе ви донесе финансиска награда. До 24-ти јули треба да г...
Финансиски хороскоп за јуни 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите? Јарец - Можно е зголемување на платата поради добрите резултати и напорната...
Финансиски хороскоп за март 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Јарец - Во првата половина на март ќе добиете деловна понуда која ви е сомн...
Финансиски хороскоп за октомври 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Близнаци - Иако нема да заработите екстра пари, ова е добар период за проме...
Финансиски хороскоп за 2024: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблем со парите? Бик - Оваа година ве очекува стабилен финансиски раст. Најповолен период на...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg