Што ви предизвикува анксиозност, според хороскопскиот знак?

shto-vi-predizvikuva-anksioznost-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага

Ве излудува кога луѓето се неправедни кон вас. Најголеми причинители за стрес и анксиозност ви се конфликтите, расправиите и јавните несогласувања.

Знаете да поминете часови во размислување дали треба некому да се спротивставите – дотолку што дури можете и да си ја влошите здравствената состојба.

Наместо да се повлекувате или да реагирате бурно и да се браните, неопходно е да научите како да останете смирени во дадениот момент. На долгите говори и обвинувања да одговорите кратко и со еден збор.

Скорпија

Другите не знаат колку сте чувствителни, затоа што знаете добро да ги скриете сопствените емоции. Вие сте по природа тивки личности, па најголеми причинители за стрес ви се луѓето што викаат гласно, бучавата, нередот и сè она што ве дефокусира.

Исто така, станувате напнати и нервозни кога немате доволно приватност. Потребни ви се мир и спокојство за да ги завршите сопствените цели.

Кажете им на луѓето јасно и гласно што ви треба и поставете им јасни граници за да не го прават тоа што ви пречи. Тоа е многу подобро, отколку постојано да бидете подготвени да се браните.

Стрелец

Постојано сакате да сте во движење, па ве излудува кога чувствувате дека стоите во место, а тоа исто така е причинител и за стрес и анксиозност.

Мразите кога треба да се појавите на формални настани или бизнис средби, каде што треба да се однесувате правилно и да играте според правилата на корпоративната култура.

Најголем причинител за стрес може да ви биде тоа што партнерот ви врши притисок да се посветите на нешто или шефот да бара од вас да ги исполните роковите.

Најдобро е слободното време да го трошите за прошетки надвор и за физички активности за да не се чувствувате заробени.

Јарец

Премногу сериозно ги сфаќате работите, а често може да ви се случи да ја промашите целта додека се обидувате да се посветите на сите неважни детали.

Ова понатаму води до вашите најголеми причинители за стрес и анксиозност: грижа на совест, чувство на вина и опсесивно размислување за тоа што би направиле поинаку.

Подобро би било да научите да бидете поопуштени и да живеете во мигот. Секако, и по секој напорен ден, да одвоите време за одмор и да заборавите на работите што ве опседнуваат.

Водолија

Јавно велите дека секој треба да живее како што сака, а вистината е дека многу посакувате кога луѓето го следат вашиот пример. Ве излудува кога не можете да најдете причина за да го оправдате сопственото однесување, а уште повеќе ве нервира кога некој се обидува да ви ги наметне сопствените ставови.

Најголеми причинители за стрес ви се стравовите дека нема да можете да го живеете животот по сопствени правила и дека ќе пропуштите нешто интересно што се случува околу вас.

Со текот на времето станувате опседнати со притисокот што го чувствувате затоа што времето ве гази.

Риби

Важите за мошне повлечени и приватни личности и за вас е вистински кошмар кога треба да зборувате јавно или кога ќе се најдете во фокусот на вниманието.

Исто така, вие сте мошне суптилни како личност и главни причинители за стрес ви се гласната музика и вулгарните луѓе.

Може да се случи да се разболите само затоа што не знаете како да се заштите од туѓата наметливост. Подобро е да сфатите дека сè ќе помине, да се соочите со сопствените емоции и да најдете мир и спокојство во себе.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како најлесно да заштедите пари, според хороскопскиот знак? Бикови, вие сметате дека луксузот не е привилегија, туку право на секој човек, п...
Како секој хороскопски знак ќе го промени светот (на подобро)? Риби, вие сте им како емоционален водич на другите. Им помагате да ги разберат с...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Која домашна обврска најмногу му одговара на секој хороскопски знак? Лавови, вие обожавате да миете садови затоа што сте убедени дека никој не го пра...
Во кој град треба да се преселите, според хороскопскиот знак? Лавови, вие сте харизматични, сакате да го споделувате вашето мислење и не ви е ...
3 хороскопски знаци кои важат за најдобри родители Риби, вие се сомневате во вашите родителски способности. Но, токму овој сомнеж в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg