Финансиски хороскоп за март 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите?

finansiski-mart-02.jpg

Вага

Финансиската ситуација од февруари ќе продолжи во март со исто темпо - ако сте имале добивка, очекувајте ја и сега, а ако имавте проблеми, тие ќе се натрупаат уште повеќе.

Ако сте во неповолна состојба, излезете од маѓепсаниот круг со финансиска помош од пријателите или некој од семејството.

Некои Ваги сакаат да најдат подобро платена работа или покачување, но месецов тоа нема да е возможно.

Скорпија

Првиот дел од месецот ќе ви донесе повеќе работа, но не и повеќе пари. Не се разочарувајте оти тоа ќе се смени до крајот на март.

Ако сте во приватниот сектор, очекувајте мали финансиски турбуленции.

Не потпишувајте „сомнителни“ договори, кои наместо добивка, може да ве втурнат во парични проблеми.

Стрелец

Март е месец во кој ќе напредувате на деловен план, особено ако соработувате со странска компанија или некој инвестициски фонд.

Ова ќе значи повеќе пари, но и намалување на финансиските грижи што ги имате.

Некои Стрелци ќе мора да решат мал финансиски проблем, а во тоа ќе ви помогне некој близок.

Јарец

Во првата половина на март ќе добиете деловна понуда која ви е сомнителна, па нема да се полакомите по парите што ви ги нудат.

Втората половина на март ќе биде постабилна, па ќе можете лесно да ги решавате финансиските проблеми што се појавуваат.

Некои Јарци ќе исплатат заостанат долг во банка или во некоја институција (за струја, парно, вода) и тоа ќе ви го тргне каменот од срце.

Водолија

Ако работите во индустрија поврзана со храна или некакво производство, овој месец можете да очекувате екстра добивка.

Некои Водолии ќе добијат еднократен бонус или награда за својата пожртвувана работа.

Пред крајот на март размислете за поголемо вложување поврзано со домот.

Риби

Ако изминатиот период имавте парични проблеми, сега ве очекува мирен месец, без големи турбуленции.

Некои Риби сепак ќе мора да земат кредит за да ги затворат долговите што ги имаат од поодамна.

Други, пак, ќе решат заштедените пари да ги вложат во себе и своето знаење, па ќе запишат некој курс.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Финансиски хороскоп за ЈАНУАРИ 2026 - Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Ракови - Овој месец вашите финансии повеќе ќе зависат од другите луѓе откол...
Финансиски хороскоп за јуни 2026: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат парична загуба? За Лавовите ова ќе биде финансиски нестабилен месец и постои можност за загуба, ...
Финансиски хороскоп за април 2026: Кои знаци ќе се збогатат, кои ќе останат без пари? Бикови - Овој месец ќе бидете магнет за пари и можно е да имате финансиски прили...
Финансиски хороскоп за ноември 2025: Кои знаци ќе добијат повеќе пари, а кои ќе имаат загуба овој ме... Ноември ќе биде поволен месец на финансиски план за Лавовите, особено оние кои и...
Финансиски хороскоп за јули 2026: Кои знаци ќе имаат добивка, а кои ќе загубат пари месецов? Девиците што работат во семејна фирма или кај пријатели, во јули ги очекува пого...
Финансиски хороскоп за октомври 2025: Кои знаци ќе имаат загуба, а кои добивка овој месец? Октомври ќе биде неповолен месец на финансиски план за Овните, до толку што неко...

Најчитани неделава