Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Голем индијански хороскоп – Кој е вашиот знак (и кои ви се добри и лоши страни)?

golem-indijanski-horoskop-koj-e-vashiot-horoskopski-znak-i-koi-vi-se-dobri-i-loshi-strani-02.jpg

Лосос (22.06 – 21.08)

Западен хороскопски знак: Лав

Елемент: Вода, Оган

Лични карактеристики: Самоуверени, динамични, горделиви

Најдобро се согласуваат со: Сокол, Був

Лососите секогаш го бараат најдоброто место за репродукција и не престануваат додека не го најдат.

Според Индијанците, луѓето што се родени во овој знак знаат да бидат фокусирани и точно определени во сопствените цели. Тие имаат силна волја и не можете лесно да ги премислите, заради што тие се најчесто силни и влијателни луѓе.

Исто така, луѓето родени во овој знак знаат да сакаат силно, да бидат љубезни и дарежливи.

Лоша страна им е и тоа што знаат да бидат безобразни, егоцентрични, нетолерантни и нечувствителни за потребите на другите луѓе, особено кога не се добро расположени.

Интересно е тоа што кога некој се однесува кон нив на сличен начин, тие лесно се навредуваат и се чувствуваат повредени, па нема да застанат додека цел свет не дознае за неправдата што им била нанесена.

Мечка (22.08 – 21.09)

Западен хороскопски знак: Девица

Елемент: Земја, Вода

Лични карактеристики: Одговорни, скромни, реалистични

Најдобро се согласуваат со: Дабар, Гуска

Мечките се добро организирани личности со силна интуиција, па затоа важат за добри ментори. Тие вообичаено знаат да бидат гласот на разумот и затоа луѓето најчесто од нив бараат добар совет и насока.

Тоа што се скромни и прагматични им помага да дојдат до најефективните решенија и за најкомплицираните проблеми.

Мошне се љубопитни и интелигентни, а благодарение на трпеливоста и позитивните ставови, тие покажуваат вистински способности за лидери.

Лоша страна им е тоа што знаат понекогаш целосно да се изолираат. Им се случува да имаат напади на мрзеливост, па тоа да им ја попречи работата.

Тоа што некогаш целосно можат да се исклучат, може да остави погрешен впечаток дека ги игнорираат или дека се лути.

Гавран (22.09 – 22.10)

Западен хороскопски знак: Вага

Елемент: Воздух, Земја

Лични карактеристики: Дипломатски и пријателски настроени, мирољубиви

Најдобро се согласуваат со: Елен, Видра

Индијанците верувале дека гавранот бил создаден како бела птица, но заради грешките што ги направил, тој станал црн. Затоа, припадниците на овој знак секогаш се во потрага по балансот помеѓу нивните внатрешни чувства и емоции и надворешниот изглед.

Луѓето родени во овој знак секогаш бараат мир и хармонија каде и да одат. Тие веруваат во заедништво и имаат талент да ги избегнат, но и да ги решат и најтешките конфликти.

Нивната дипломатија и неутралност понекогаш може да ги налути луѓето што во моментот бараат правда.

Заради неутралноста, понекогаш луѓето може да ги сметаат Гавраните за кукавици или површни личности.

Но, нека не ве залажува надворешниот изглед, Гавраните знаат да бидат и големи злопамтила, со лоши манири и дрски кога ќе се соочат со тешки ситуации.

Змија (23.10 – 22.11)

Западен хороскопски знак: Скорпија

Елемент: Земја, Вода

Лични карактеристики: Духовни водачи, таинствени, импулсивни

Најдобро се согласуваат со: Волк, Клукајдрвец

Се верува дека најголемиот број шамани кај Индијанците биле родени во овој знак.

Со оглед на тоа што се адаптираат на реалноста, тие се сметаат за многу добри и талентирани духовни водачи. Почитувани се за моќта на лекување што ја поседуваат и затоа што најчесто имаат голем талент за медицина.

Тоа што се преокупирани со метафизичкото и недопирливото, прави да делуваат мистериозно, темно, па понекогаш дури и застрашувачки.

Иако Змијата знае да биде таинствена и опасна, тоа се мошне грижливи, емотивни и чувствителни луѓе.

Но, ако им згрешите, очекувајте дека ќе ве нападнат со нивниот смртоносен отров. Кога се чувствуваат повредени може да станат емотивно нестабилни, да не знаат да простат, токсични, па понекогаш и насилни.

Був (23.11 – 21.12)

Западен хороскопски знак: Стрелец

Елемент: Оган, Земја

Лични карактеристики: Самостојни, со отворен ум, авантуристи

Најдобро се согласуваат со: Лосос, Сокол

Станува збор за уникатни личности кои знаат да ја видат јасната слика и во најтешките периоди. По природа се големи филозофи кои секогаш го бараат просветлувањето во животот. Со оглед на тоа што знаат добро да ве сослушаат, речиси секогаш знаат како да ви дадат добар совет.

Овие луѓе, слично како и нивното духовно животно, секогаш сакаат да уживаат ноќе.

Негативни особини им се тоа што знаат понекогаш да бидат самоуверени и кога не се во право, да бидат итри или да не знаат за граници.

Честопати може да им се случи да го загубат моралниот компас и да заборават да прават разлика помеѓу добро и лошо, особено кога се сконцентрирани на сопствените цели.

Гуска (22.12 – 19.01)

Западен хороскопски знак: Јарец

Елемент: Воздух, Земја

Лични карактеристики: Аналитички настроени, амбициозни, доверливи

Најдобро се согласуваат со: Гавран, Мечка, Дабар

Ако сакате нешто да биде завршено, доверете ѝ го на Гуската. Таа е амбициозна, работлива и упорна.

Овие луѓе знаат да си постават цели и да работат напорно сè додека не ги остварат, а постојано мислат на успехот и не знаат како да застанат сè додека не ги реализираат сопствените цели.

Гуската е решена да успее по секоја цена, но не за да добие признание и пофалба, туку за да си докаже самата на себе дека може.

Ако имаат луѓе што ги поддржуваат, Гуските стануваат уште подобри.

Но, нивната амбициозност може да им донесе проблеми. Се случува да ја загубат емотивната и чувствителната страна само затоа што се сконцентрирани на успехот, па може да функционираат механички.

Ако се најдат во средина што не ги поддржува и не ги охрабрува, ќе бидат целосно обземени од нивната темна страна.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...
4 хороскопски знаци кои привлекуваат пари како магнет Скорпиите се природни лидери и имаат вистинска моќ да заработат пари. Нивна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg