Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)?

shto-go-budi-gnevot-kaj-sekoj-horoskopski-znak-i-kako-da-nauchi-da-se-kontrolira-02.jpg

Вага

Вагите размислуваат за сите и се трудат луѓето околу нив да бидат среќни. На овој начин тие се жртвуваат себеси и заради тоа често се неодлучни.

Не знаат ниту сами колку пати им се случило некои совршени можности да им се лизнат низ прстите, само затоа што размислувале за доброто на другите.

Заради ова, Вагите често знаат во себе да потиснуваат презир и огорченост, па стануваат мошне раздразливи, нетрпеливи и избувнуваат за ништо.

Најтажно е тоа што никогаш нема отворено да ви признаат што е она што го мачи и ќе страдаат во себе.

Затоа што практикуваат да избегнуваат конфликти, очекувајте дека ќе почнат да ве избегнуваат во првиот момент кога работите ќе станат напнати или тензични, а често може да се случи нивното однесување да биде оценето како некултурно или неочекувано.

Најдобро би било ако можат да научат дека не можат постојано да бегаат од конфликти и дека некогаш ќе мора да се соочат со луѓето што ги изневериле.

Скорпија

Тивки, интензивни и таинствени. Луѓето тешко можат да сфатат што се случува во главата на Скорпијата, а вистината е дека тоа се луѓе што се ориентирани на детали, принципиелни и вредни работници.

Начинот на којшто го искажуваат гневот зависи од личноста со која се расправаат или од ситуацијата во којашто се нашле.

Ако почувствуваат дека некој ги изневерил, Скорпиите стануваат студени и веднаш ќе го исфрлат од сопствениот живот без многу драма и објаснување.

Но, исто така знаат да бидат мошне некултурни и избувливи со некој за кого сметаат дека не е искрен или не вреди.

Во вакви ситуации стануваат злобни и не бираат зборови со коишто ќе ѝ покажат на личноста каде ѝ е местото.

За да се справат со избувливоста, на Скорпиите им се препорачува медитација и длабоко дишење.

Стрелец

Самоуверени и безгрижни, Стрелците не се опседнуваат премногу со емоциите, без разлика дали станува збор за позитивни или негативни.

Единствена цел им е да го живеат животот како што сакаат и да уживаат во секој миг од него.

Но, во моментот кога некој ќе се обиде да ги попречи во нивните намери или да им застане на патот, тогаш ќе го покажат своето вистинско лице.

Тоа се луѓе што не поднесуваат емотивни драми или луѓе што бараат премногу внимание, па најбрз начин да ги налутите е да се обидете да влезете со нив во емотивни конфликти.

Дополнително, можете веднаш да ги налутите ако се обидете да ги ставате под знак прашалник нивните одлуки и верувања.

За Стрелците е многу важно да научат да ги прифаќаат и туѓите идеи и да бидат пофлексибилни за туѓите погледи на светот и ставови.

Да научат да ги сослушаат и другите луѓе пред да ги отфрлат како безначајни, или да покажат повеќе емпатија и кон туѓите чувства.

Јарец

Станува збор за мошне тешки личности, кои најчесто се индиферентни, но знаат премногу да се опседнуваат со врските, сопствените цели и работата.

Најблаго речено тие сакаат постојано работите да ги држат под контрола, а кога премногу размислуваат и се грижат, знаат да имаат променливо расположение, да бидат намќорести и тешко е да се разберете со нив.

Ако Јарецот е лут, однадвор нема да забележите ништо, затоа што тие ќе продолжат да работат како ништо да не било и ќе се преправаат дека сè е во ред.

Но, не очекувајте дека брзо ќе заборават што е она што ги налутило.

За Јарците е неопходно да научат да се расположат, да уживаат во музика, да си дадат време за патување и отворено да разговараат за сопствените стравови и слабости со луѓето во коишто имаат доверба.

Водолија

Можеби ви се чини дека Водолиите се најопуштените луѓе во Зодијакот.

Но, не треба да избрзувате затоа што тие воопшто не се флексибилни кога некој ги доведува во прашање нивните ставови и погледи на свет, а во одговор знаат да бидат премногу строги и студени.

Ако се соочат со некој што им се спротивставува или има различни ставови, тие знаат да станат злобни, некултурни и да ве отфрлат.

Не признаваат пораз и ако им укажете на фактите што го оспоруваат нивното тврдење, брзо ќе ја сменат темата или ќе се обидат да ве блокираат.

Тие не го искажуваат гневот со зборови или со дејствија, туку со отсуство и тишина, па заради тоа често ги губат саканите луѓе и пријателства.

За нив е најважно да научат да не замеруваат за ситници и да не прават огромни проблеми од секоја најдобронамерна критика. Важно е да научат дека не може секогаш да се во право.

Риби

Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негативни емоции. Не го процесираат гневот, туку целосно се повлекуваат во себе и се исклучуваат.

Наместо да се справат со силните емоции, често бираат самодеструктивни навики што ќе им помогнат да ја затапат болката.

Забораваат на сопствената здравствена состојба и живеат од самосожалување.

Може бурно да реагираат кога се гневни затоа што партнерот смета дека тие не треба да имаат право на глас во врската.

Вистината е дека тие стануваат премногу емотивно зависни од партнерот па затоа не знаат како да се чувствуваат добро без да добијат поддршка и признание од саканите.

Најважно е да научат во прв план да го стават менталното здравје и да не дозволат менталните падови во целост да им го уништат животот.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Хороскопските знаци рангирани според емотивната стабилност (Скорпиите се цврсти како карпа) Бик – Како типични претставници на земјените знаци, Биковите секогаш се приземни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg