Како ќе влијае порамнувањето на 6-те планети врз вашиот хороскопски знак?

За Близнаците, ова ќе биде период на духовно будење, додека Водолиите ќе уживаат во самотијата.

kako-kje-vlijae-poramnuvanjeto-na-6-te-planeti-vrz-vashiot-horoskopski-znak-01.jpg

Помеѓу 2-ри и 3-ти јуни ќе се случи навистина редок феномен – на небото ќе се порамнат шест планети.

Феноменот е познат и како „парада на планетите“ а на небото Јупитер, Меркур, Уран, Марс, Нептун и Сатурн ќе бидат во иста линија.

Астролозите веруваат дека феноменот ќе има влијание врз секој од хороскопските знаци, кое ќе се чувствува неколку дена пред и потоа.

Како ќе влијае порамнувањето на вашиот хороскопски знак?

Овен

Ова ќе биде одличен период за Овните поради положбата на нивната владејачка планета Марс.

Нивното ниво на енергија ќе биде повисоко, а ќе бидат оптимисти кога станува збор за остварувањето на личните и професионалните цели.

Самодовербата ќе им се зголеми и ова ќе биде совршен миг за да направат некој долгорочен план или да почнат да работат на некоја важна цел.

Бик

Порамнувањето на планетите ќе има влијание врз комуникацијата во животот на Биковите.

Ќе можат подобро да го кажуваат своето мислење – и на работа, и во приватниот живот.

Ќе бидат и мотивирани да преземат нешто во врска со некоја важна цел и да ја напуштат нивната зона на комфор.

Близнаци

За Близнаците, ова ќе биде период на духовно будење.

Генерално ќе сакаат да се фокусираат на активности кои ги смируваат и ќе им помогнат да си ги средат мислите, но и ќе бараат начин да направат позитивни промени во животот.

Ќе почувствуваат влијание и врз односот со семејството, особено родителите на партнерот доколку се во врска или брак.

Рак

Раковите ќе бидат поемотивни од вообичаено, но ова не мора да биде нешто лошо.

Ќе се соочат со вообичаените семејни проблеми, но сега ќе сакаат да им најдат трајно решение.

Ќе сакаат и да се посветат на себе и на својот личен развој.

ЛАв

Лавовите ќе почувствуваат големо влијание во односот со партнерот. Ќе ги решат конфликтите и ќе направат компромис за некои работи.

Ќе се справат и со негативните мисли, а ова позитивно ќе се одрази врз нивната продуктивност.

Но, можно е да имаат мали проблеми со здравјето, па препорачливо е да водат подобра грижа за себе.

Девица

Главниот фокус на Девиците ќе биде семејството.

Ќе сакаат да минуваат многу време со најблиските членови, особено нивните деца (доколку ги имаат).

Ова е и период на исцелување за Девиците. Ќе се чувствуваат посмирено и постабилно, а со тоа ќе можат да работат на себе.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зошто животот ви изгледа здодевен и монотон, според хороскопскиот знак? Девици, вашите вештини за организација се ништо помалку од импресивни. И, иако м...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
4 месеци во кои се родени луѓе кои наскоро ги очекува можност што не смеат да ја пропуштат Ако сте родени во јуни, наскоро дефинитивно ќе ви се пружи можност која ќе ви го...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...
Една навика од која треба да се ослободите пред крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак Риби, голем дел од времето мечтаете и упорно бегате од проблемите. Ако сакате 20...

Најчитани неделава