Финансиски хороскоп за јули 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите?

finansiski-horoskop-za-juli-2024-koi-znaci-kje-se-zbogatat-a-koi-kje-imaat-problemi-so-parite-02.jpg

Вага

Овој јули ќе добиете прилив од неколку страни - можно е да добиете понуда за подобро платена работа или за работа на некој проект кој ќе ви донесе пари.

Но, овој поволен период нема да трае долго, па искористете го најдобро што можете.

Пред крајот на месецот се можни турбуленции на финансиски план, но ако трошите рационално, нема да имате големи проблеми.

Скорпија

Месецов ќе бидете задоволни од приливот на пари што ќе го имате, особено ако работите во секторот на маркетингот или медиумите.

Барајте „големи“ партнери или компании од странство кои ќе се вклучат во вашите деловни планови и од кои ќе добиете поголема количина пари.

Некои Скорпии може да добијат пари од игри на среќа и иако тоа нема да бидат многу пари, сепак ќе ве расположат.

Стрелец

Ова ќе биде месец во кој нема да се случи ништо големо на финансиски план, а работите ќе бидат како и досега.

Сепак, астролозите препорачуваат да се воздржите од инвестиции, ризични вложувања и луксузирање, барем до последната недела во јули.

Некои Стрелци може да се најдат во непријатна ситуација ако блиска личност им побара пари на заем, а тие, поради свои лични причини нема да сакаат да им позајмат пари (но нема да сакаат да им го кажат тоа директно).

Јарец

Овој јули ќе располагате со повеќе пари од вообичаено, особено ако добиете К-15 или наследство од некој подалечен роднина.

Сепак, наместо да трошите, подобро е да тргнете пари на страна и да ги заштедите за во иднина, бидејќи крајот на годината може да е неповолен на финансиски план.

Некои Јарци ќе мора да платат голем заостанат долг, бидејќи постои можност за принудна наплата со извршител.

Водолија

Ова е месец во кој ќе имате и поголем прилив, но и голем одлив на пари, а вашите финансии најмногу ќе доаѓаат од странство, односно, ако имате некој член на семејството кој работи во странска фирма или во некоја друга држава.

Искористете ги парите за реновирање на домот, за доградба или за купување недвижен имот.

Ако, пак, немате во план капитални вложувања, тогаш е препорачливо да ги тргнете парите на страна.

Риби

Месецов може да добиете понуда за нова работа, но пред да ја прифатите или одбиете, размислете за финансиите што ви се нудат и дали се доволна причина за ваквата промена.

Не трошете непотребно пари за ситни купувања, на пример за нова блуза или накит, туку фокусирајте се на инвестиции или купување на нешто поголемо за во домот.

Некои Риби ќе мора да си ја голтнат гордоста и да позајмат пари од родителите за да не земаат кредит.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Финансиски хороскоп за ноември 2025: Кои знаци ќе добијат повеќе пари, а кои ќе имаат загуба овој ме... Ноември ќе биде поволен месец на финансиски план за Лавовите, особено оние кои и...
Финансиски хороскоп за јуни 2026: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат парична загуба? За Лавовите ова ќе биде финансиски нестабилен месец и постои можност за загуба, ...
Финансиски хороскоп за ЈАНУАРИ 2026 - Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Ракови - Овој месец вашите финансии повеќе ќе зависат од другите луѓе откол...
Финансиски хороскоп за јули 2026: Кои знаци ќе имаат добивка, а кои ќе загубат пари месецов? Девиците што работат во семејна фирма или кај пријатели, во јули ги очекува пого...
Финансиски хороскоп за април 2026: Кои знаци ќе се збогатат, кои ќе останат без пари? Бикови - Овој месец ќе бидете магнет за пари и можно е да имате финансиски прили...
Финансиски хороскоп за октомври 2025: Кои знаци ќе имаат загуба, а кои добивка овој месец? Октомври ќе биде неповолен месец на финансиски план за Овните, до толку што неко...

Најчитани неделава