Хороскопски знаци кои повеќе си одговараат како пријатели, отколку како љубовни партнери

horoskopski-znaci-koi-mozhe-da-si-odgovaraat-kako-prijateli-no-ne-i-da-bidat-vo-ljubovna-vrska-02.jpg

Рак и Водолија

Овие хороскопски знаци се целосни спротивности.

Ракот е воден знак, познат по тоа што е чувствителен и емотивен.

Водолијата, пак, е воздушен знак, познат по тоа што е практичен и логичар.

Водолијата се нервира од испадите на Ракот, додека Ракот никогаш не може да дознае како навистина се чувствува Водолијата.

Овие два хороскопски знака се секогаш на многу различни емотивни нивоа и никогаш не можат да му го дадат на другиот она што му е потребно во врската.

Лав и Јарец

Лавот и Јарецот немаат речиси ништо заедничко, и наместо да се балансираат, тие меѓусебно си ги истакнуваат слабостите и несигурностите.

Земјениот знак Јарец е сериозен и амбициозен и не се плаши да ги поправа работите.

Лавовите, пак, напредуваат кога добиваат внимание и се обожавани, па честото критикување од Јарецот прави да се чувствуваат несакани.

Во меѓувреме, Јарецот станува фрустриран од тврдоглавоста на Лавот и слепиот оптимизам.

На Лавот му треба некој позабавен и поприврзан до нив, додека Јарецот подобро ќе успее со партнер кој работи напорно во животот и во врската.

Вага и Риби

Од една страна, се чини дека овие два хороскопски знака имаат многу заедничко и треба добро да се сложуваат: љубезни се, сочувствителни и имаат големи соништа.

Од друга страна, нивниот пристап кон животот и стиловите на комуникација се толку различни, што не можат да избегнат расправии.

Вагите се практични и логични, додека Рибите се емотивни и интуитивни.

Вагите сакаат да излегуваат и да бидат опкружени со многу луѓе, додека чувствителните Риби избегнуваат многу интеракција.

Вагата може да биде малку површна и да флертува, додека Рибите се длабоко духовни и не прифаќаат ништо помалку од целосна посветеност.

Иако длабоко се грижат еден за друг, на крајот тие подобро ќе функционираат како пријатели, отколку во љубовна врска.

М. Ѓ. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...
4 хороскопски знаци кои ќе доживеат љубовна бајка на Валентајн Денот на вљубените 2026 година на четири хороскопски знаци ќе им донесе судбинск...

Најчитани неделава