Финансиски хороскоп за декември 2024: Кои знаци ќе загубат пари, а кои ќе се збогатат?

Бик - не претерувајте со купување непотребни работи, особено пред новогодишните празници. Не мора да имате сè што ќе видите.

finansiski-horoskop-za-dekemvri-2024-koi-znaci-kje-zagubat-pari-a-koi-kje-se-zbogatat-01.jpg

Финансискиот хороскоп за декември 2024 година носи промени кај повеќето хороскопски знаци.

Какви се предвидувањата за вас - дали месецов ќе добиете пари или ќе се мачите со финансиите?

Овен

Ова е месец во кој ќе дојде до израз вашата креативност и ќе се зголеми можноста за деловно напредување.

Не размислувајте многу ако добиете нова деловна понуда или можност за инвестирање, туку прифатете ја.

Во втората половина на месецот ќе имате можност за соработка со личност или компанија од странство, што ќе ви донесе профит за кратко време.

Бик

Во текот на месецот ќе добиете неколку деловни понуди, но внимателно размислете која од нив ќе ја прифатите.

Доколку работите во дејност која е поврзана со уметност, комуникации или ПР, ве очекува финансиска добивка.

Сепак, не претерувајте со купување непотребни работи, особено пред новогодишните празници - не мора да имате сè што ќе видите.

Близнаци

Во првата половина на месецот ќе добиете неколку деловни понуди, но најверојатно ќе ги одбиете сите, несигурни дали се поволни за вас или не.

Некои Близнаци може да направат грешка која ќе им донесе финансиска загуба (без оглед дали имаат своја фирма или се вработени некаде).

Важно е да се вложите максимално во тоа што го правите, ако сакате до крајот на месецот, сепак да добиете повеќе пари од очекуваното.

Рак

Сакате да почнете сопствен бизнис, но некои работи не ви одат од рака, па ќе бидете лути и нервозни.

До средината на месецот, работите сепак ќе се сменат, а вие ќе имате можност да склучите договор кој ќе ви донесе значителен финансиски прилив.

Некои Ракови може да добијат пари преку игрите на среќа.

Лав

Ова ќе биде, генерално, поволен период на финансиски план, а вие ќе остварите парична добивка уште во првата половина на декември.

Некои Лавови ги чека унапредување на работа, а со тоа и поголема плата.

Ако размислувате за да почнете со сопствен бизнис, одложете ги плановите за во блиска иднина, зашто овој период не е најповолен.

Девица

Работите две работи одеднаш или покрај работата имате и хонорарна работа, па растрчани сте насекаде, особено пред празниците.

Но, не смеете да се жалите, бидејќи до крајот на декември ќе остварите голема добивка.

Препорачливо е овој месец да не правите нови финансиски вложувања.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Финансиски хороскоп за ноември 2025: Кои знаци ќе добијат повеќе пари, а кои ќе имаат загуба овој ме... Ноември ќе биде поволен месец на финансиски план за Лавовите, особено оние кои и...
Финансиски хороскоп за јуни 2026: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат парична загуба? За Лавовите ова ќе биде финансиски нестабилен месец и постои можност за загуба, ...
Финансиски хороскоп за јули 2026: Кои знаци ќе имаат добивка, а кои ќе загубат пари месецов? Девиците што работат во семејна фирма или кај пријатели, во јули ги очекува пого...
Финансиски хороскоп за ЈАНУАРИ 2026 - Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Ракови - Овој месец вашите финансии повеќе ќе зависат од другите луѓе откол...
Финансиски хороскоп за октомври 2025: Кои знаци ќе имаат загуба, а кои добивка овој месец? Октомври ќе биде неповолен месец на финансиски план за Овните, до толку што неко...
Финансиски хороскоп за април 2026: Кои знаци ќе се збогатат, кои ќе останат без пари? Бикови - Овој месец ќе бидете магнет за пари и можно е да имате финансиски прили...

Најчитани неделава