Финансиски хороскоп за декември 2024: Кои знаци ќе загубат пари, а кои ќе се збогатат?

finansiski-horoskop-za-dekemvri-2024-koi-znaci-kje-zagubat-pari-a-koi-kje-se-zbogatat-02.jpg

Вага

Не сакате да се помирите со финансиската ситуација, па уште на почетокот на декември ќе барате начин да заработите повеќе пари.

Некои Ваги ќе мора да најдат начин да вратат заостанат долг, што ќе ја влоши нивната финансиска положба.

Ако имате приватен бизнис, особено во сферата на маркетингот, очекувајте многу ангажмани и пари од втората половина на месецот.

Скорпија

Ова е месец во кој своите деловни идеи конечно ќе ги спроведете на дело и иако можеби нема да заработите ништо, ќе чувствувате сатисфакција.

Некои Скорпии ќе добијат примамлива понуда за работа во странство или во странска компанија која има седиште кај нас, а што ќе значи многу пари во иднина.

Ако некој близок пријател или роднина ви понуди да почнете заеднички бизнис, убаво размислете дали е тоа добра идеја.

Стрелец

Ова е период во кој ќе се случуваат големи деловни промени, но за секого индивидуално - за некои Стрелци ќе се позитивни, други нема да се задоволни од исходот.

Избегнувајте конфликт со колегите, зашто некој од нив може да ви помогне многу во работата, особено ако направите грешка која може да ве чини многу.

Парите ќе ви бидат проблем, особено пред крајот на месецот, кога нема да бидете сигурни дали ќе имате доволно пари за сите трошоци пред празниците.

Јарец

Доколку работите во услужни дејности, можно е да остварите голема добивка и да бидете задоволни.

Но, повеќето Јарци ќе мачат мака да сврзат крај со крај, бидејќи ќе трошат повеќе од она што имаат.

За да не „заглавите“ со пари, уште на почетокот на месецот направете финансиски план на трошоците за декември.

Водолија

Во првата половина на месецот нема да се случува ништо, но веќе од средината на декември работите ќе одат на подобро.

Некои Водолии ќе напредуваат на работното место и ќе добијат поголема плата.

Важно е да не претерувате со трошоците, особено при празничниот шопинг.

Риби

Овој месец ќе се посветите на личниот развој, па дел од својата заштеда ќе ја вложите во скап курс или обука.

Некои Риби ќе имаат можност да отпатуваат во странство на деловна обука, со најава дека по враќањето ќе добијат унапредување и поголема плата.

Во втората половина на декември очекувајте наследство или добивка од игра на среќа.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Финансиски хороскоп за ноември 2025: Кои знаци ќе добијат повеќе пари, а кои ќе имаат загуба овој ме... Ноември ќе биде поволен месец на финансиски план за Лавовите, особено оние кои и...
Финансиски хороскоп за јуни 2026: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат парична загуба? За Лавовите ова ќе биде финансиски нестабилен месец и постои можност за загуба, ...
Финансиски хороскоп за јули 2026: Кои знаци ќе имаат добивка, а кои ќе загубат пари месецов? Девиците што работат во семејна фирма или кај пријатели, во јули ги очекува пого...
Финансиски хороскоп за ЈАНУАРИ 2026 - Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Ракови - Овој месец вашите финансии повеќе ќе зависат од другите луѓе откол...
Финансиски хороскоп за октомври 2025: Кои знаци ќе имаат загуба, а кои добивка овој месец? Октомври ќе биде неповолен месец на финансиски план за Овните, до толку што неко...
Финансиски хороскоп за април 2026: Кои знаци ќе се збогатат, кои ќе останат без пари? Бикови - Овој месец ќе бидете магнет за пари и можно е да имате финансиски прили...

Најчитани неделава