Кои датуми ќе бидат најсреќни, а кои најнесреќни за секој хороскопски знак во 2025-та?

Скорпии - 20 март и 8 декември ќе ви донесат емоционални турбуленции - обидете се да останете смирени и да не ја влошувате ситуацијата.

koi-datumi-kje-bidat-najsrekjni-a-koi-najnesrekjni-za-sekoj-horoskopski-znak-vo-2025-ta-01_copy.jpg

Што ќе ви донесе новата 2025-та година? Дали повеќе ќе ве следи среќа или, пак, годината нема да ви биде многу убава?

Астролозите тврдат дека знаат кои датуми ќе бидат најсреќни, а во кои денови хороскопските знаци ќе имаат најмалку среќа.

Прочитајте кои датуми ќе бидат важни за вашиот знак:

Овен

Среќни денови: 25 март, 17 мај, 14 јуни, 10 септември и 22 ноември

Несреќни денови: 1 април, 7 јули, 13 октомври и 4 декември

Искористете ги поволните влијанија на ѕвездите во март и мај, па направете некој храбар потег кој не сте се осмелувале да го направите претходно.

Почнете свој бизнис, земете кредит за да си купите свој дом, впуштете се во нова врска по долго време.

Но, имајте предвид дека во годината ќе има и неубави денови, па во тие моменти не треба да реагирате импулсивно, затоа што на крајот вие ќе го извлечете подебелиот крај.

Обидете се енергијата да ја насочите кон позитивни мисли, да правите добри дела и да ви се враќа со добрина.

Бик

Среќни денови: 14 април, 23 јуни, 9 август, 17 октомври и 3 ноември

Несреќни денови: 2 мај, 18 јули, 11 септември и 14 декември

Според астролозите, вие сте еден од знаците кои, генерално, ќе имаат најмногу среќа во 2025-та година.

Ако направите добра проценка и план, на 14 април и 23 јуни е можно да се збогатите. Ова се и добри денови за љубов.

Бидете особено внимателни на 2 мај и 14 декември, кога ќе бидете дури и исфрустрирани, затоа што работите кои секогаш ви одат од рака, овој пат ќе тргнат наопаку.

Но, не грижете се за ситниците - ова ќе биде година на стабилност, а вие секогаш потпирајте се на своите инстинкти.

Близнаци

Среќни денови: 17 февруари, 3 мај, 21 јули, 15 август и 30 октомври.

Несреќни денови: 2 јуни, 5 септември, 10 ноември и 9 декември

За вас 2025-та година ќе биде турбулентна, со многу подеми и падови.

Искористете ги 17 февруари и 21 јули за да добиете нешто што посакувате одамна.

Ова се поволни делови и за бизнис можности и за склучување нови пријателства.

На 2 јуни очекувајте мешани сигнали, кои може да ве наведат на погрешен пат.

Трудете се да правите баланс и да не носите избрзани одлуки, независно за која сфера од животот и да се работи.

Рак

Среќни денови: 10 март, 8 мај, 24 јули, 12 септември и 5 ноември

Несреќни денови: 28 јуни, 2 август, 3 октомври и 19 декември

Оваа година ќе ви биде во знакот на љубовта и желбата да ги заштитите најблиските.

А токму со нив ќе се чувствувате најповрзани на 10 март и 24 јули, кога може да очекувате и големи промени во приватниот живот.

Сепак, бидете внимателни на 28 јуни, кога се можни љубовни проблеми.

Подеднакво внимателни треба да бидете и на 12 септември, но овој пат, промените кон полошо ќе бидат на деловен план.

Лав

Среќни денови: 22 февруари, 15 мај, 7 август, 9 септември и 10 декември

Несреќни денови: 13 јули, 5 октомври, 8 ноември и 15 декември

2025-та ќе ви донесе многу убави моменти, но 22 февруари и 7 август се деновите кога вистински ќе блеснете.

Ова се денови кога може да донесете некои храбри одлуки или да се потрудите да си остварите некој сон.

На 13 јули внимавајте - некој може да ви го повреди егото, па вашиот однос да заврши лошо.

Уште еден важен, а неубав датум е 5 октомври, кога може да ви пропадне некој долгорочен план.

Девица

Среќни денови: 5 март, 18 јуни, 25 септември, 12 октомври

Несреќни денови: 6 август, 17 октомври, 2 декември и 22 декември

За Девиците ова ќе биде година за растење, а од секое искуство (добро или лошо), ќе научите нешто ново.

На 5 март и 25 септември ќе се случат работи кои ќе ви помогнат да направите баланс во животот и ќе ве насочат повеќе кон личните односи и семејството.

Но, на 6 август бидете особено внимателни - не потпишувајте документи и не носете големи одлуки зашто најверојатно ќе се покажат погрешни.

2 и 22 декември ќе бидат, исто така, критични на деловен план, па внимавајте.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...

Најчитани неделава