Како секој хороскопски знак се справува со тагата и жалењето по загубата на близок?

kako-sekoj-horoskopski-znak-se-spravuva-so-tagata-i-zhalenjeto-po-zagubata-na-blizok-02.jpg

Вага

На Вагите им е потребно да се чувствуваат многу пријатно во околината за да може целосно да ги покажат емоциите, за да имаат шанса да закрепнат од тагата. Мораат да разговараат со блиски луѓе за да ја процесираат загубата и да ја имаат слободата да се исплачат или да се налутат или што и да чувствуваат во срцето дека треба да направат. Не сакаат кога се форсирани и им велат да се соберат – не е добро емоциите да се чуваат во себе.

Скорпија

Скорпиите ќе се обидат да дадат логика на нештата и тагата за да пронајдат смисла во целата ситуација. Апстрактното е застрашувачко за Скорпиите, а загубата на некој близок е најнедопирливото искуство кое може да се замисли. Во процесот на закрепнување, тие ќе се обидат да останат рационални и ќе ги прават работите чекор по чекор. Откако стопати ќе ја преџвакаат ситуацијата и ќе ги поминат сите можни сценарија и причини, дури тогаш може да прифатат што се случува и да продолжат.

Стрелец

Стрелците, најмногу од сите знаци, се обидуваат да се одржуваат со добри спомени за личноста која веќе ја нема, што може да биде добро за процесот на закрепнување, но понекогаш почнуваат да живеат во фантазија. Тагата е тешка за нив и со обидот да си го одвлечат вниманието со нешто друго, нема да си помогнат многу. Со претерано мислење на спомените само го нагласуваат нивното отсуство и си прават потешко.

Јарец

Јарците се обидуваат да си најдат утеха во нешто додека се соочуваат со жалење и тага. Најчесто тоа се работи кои и претходно ги тешеле и им носеле пријатно чувство – како гледање на серија која стопати ја изгледале, храна која им е омилена, гушкање миленичиња или кадифени играчки, или слики од блиските и нешто што има лично значење за нив. Што и да е, само да не се чувствуваат толку осамено. Иако ништо од ова реално не помага за закрепнување, си ја олеснуваат тагата.

Водолија

Само со своите најблиски и најсаканите, Водолиите може да ги спуштат ѕидовите и да ја покажат својата тага. Иако секогаш ги охрабруваат другите да ги покажат емоциите, сепак во овој случај, не можат да прифатат дека не можат да бидат силни. Но, мора да разберат дека ако не можат да си помогнат себеси, не можат да помогнат ниту на другите.

Риби

Рибите ја носат својата тага со себе секаде каде што одат. Тешко им е да прифатат дека некој веќе никогаш нема да биде во нивниот живот. И толку. Иако однадвор се способни да се излечат и да се соберат, продолжувајќи со животот, нивниот внатрешен свет никогаш нема да биде ист. Нешто што може да им помогне е уметноста и изразувањето на чувствата на овој начин. Заздравувањето ќе дојде со тек на време, не го форсирајте тоа кај нив.



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
4 хороскопски знаци кои ќе доживеат најголема промена во 2026 (и ќе мора да се потрудат повеќе од др... Без разлика дали станува збор за напуштање на работата што ги задушува или излег...

Најчитани неделава