Сите 12 хороскопски знаци на велигденски ручек: Близнаците оговараат, Лавовите имаат настап во живо

site-12-horoskopski-znaci-na-veligdenski-ruchek-bliznacite-ogovaraat-lavovite-imaat-nastap-vo-zhivo-02.jpg

Вага

Вагите се кралици на балансот, па тие ќе бидат медијатори и смирувачи на семејниот собир, грижејќи се сите да се согласуваат, без да има какви било препирки.

Ќе се грижат за распоредот на седење, да воспостават хармонија помеѓу луѓето кои се најблиски меѓу себе и умешно ќе ја менаџираат секоја тензија и конфликтна ситуација на маса.

Скорпија

Скорпиите се оние кои додаваат длабочина на средбата, потсетуваат на сентименталност, покажуваат ретро слики од детството и собирите во минатото, разговараат на сериозни теми и потсетуваат колку е важно тоа што го имаат. Исто така, задолжени се за изборот на вино.

Стрелец

Очекувајте Стрелецот да ве крене од столче за да танцувате или пак, на крајот од  ручекот да смисли некоја спонтана игра, но и да изненади со нешто што ќе внесе авантура во дружбата. Ќе разговараат за нивните патувања, искуства, но и ќе предлагаат дека треба на следниот ручек да има специјалитети кои ги пробале некаде низ светот.

Јарец

Јарците си го сфаќаат празникот сериозно и тие се задолжени за логистиката и планирање на средбата која треба да помине во најдобар ред, без некој да заборави нешто или да прави дупли движења и трошоци, но и да не се претера со количината на храна за да не се фрла.

Водолија

Водолиите се оние кои без проблем ќе си поканат пријател кој немало каде и со кого да оди, па ќе го вклучат во заедништвото и ќе му покажат како изгледаат овие собири. Може да предложат конечно да се сменат традиционалните специјалитети кои секоја година се повторуваат и да најдат неколку замерки на трпезата.

Риби

Рибите се задолжени да го направат просторот удобен и пријатен за сите, со соодветни декорации, но и со посебно, поинтимно катче, каде секој ќе може да одмори од гужвата на маса и хаосот кој на моменти може да е премногу.

 



Би можело да ве интересира:

Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...
5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
4 хороскопски знаци кои ќе доживеат љубовна бајка на Валентајн Денот на вљубените 2026 година на четири хороскопски знаци ќе им донесе судбинск...

Најчитани неделава