Колку се (не)среќни хороскопските знаци во животот?

Вага
Вагите се исклучително среќни, но среќата не ја земаат здраво за готово.
Тие се обидуваат да го видат доброто во секоја ситуација, а тој став се манифестира во сите аспекти од животот.
Вагите знаат дека се посреќни од повеќето хороскопски знаци и се обидуваат да го искористат тоа секогаш кога можат.
Скорпија
Скорпиите често имаат песимистички став и поради тоа се смета дека не се премногу среќни, но тоа не е реалноста.
Овие знаци се е доста среќна, особено кога пробуваат да го манифестираат и добијат она што го сакаат.
Ако се потрудат само малку повеќе, не постои нешто што Скорпиите не можат да го постигнат, без разлика дали станува збор за заработка на повеќе пари, одење на одмор или купување чевли кои се распродадени.
Стрелец
Стрелеците се неверојатно среќен хороскопски знак - не е важно дали патуваат во странска земја или се дома, тие едноставно ја привлекуваат среќата.
Ако среќата треба да бира помеѓу петмина различни луѓе, а едниот од нив да е Стрелец - ќе отиде кај него.
Овој знак понекогаш сака да ја турне својата среќа на страна, но универзумот е на негова страна и не му го дозволува тоа.
Јарец
Јареците можеби немаат секогаш среќа на својата страна, но сепак се неверојатно среќни со парите.
Тие како да имаат способност да го зголемуваат своето богатство од сосема неочекувани извори, дури и кога не се надеваат на ништо.
Но, ова се случива и затоа што Јарците штедат (и така заработуваат од камата) или ги вложуваат парите во сигурни зделки.
Водолија
Водолиите не се најсреќните личности на светот и често се соочуваат со разни предизвици.
Но, овие луѓе се борци и нема да дозволат ништо да ги обесхрабри, па што и да добијат како подарок од универзумот, го земаат и го користат во своја полза.
А бидејќи се неверојатно креативни, ја менуваат лошата среќа и ја претвораат во нешто што личи на среќа.
Риби
Рибите се исклучително среќни, но толку се навикнати работите да си одат по својот зацртан пат, што не секогаш ја ценат среќата што сама им „паѓа од небото“.
Сепак, тие добиваат скоро сè што сакаат, без разлика дали е тоа затоа што работат за да го добијат тоа што го сакаат или затоа што има некоја „невидлива сила“ што ги води.
Рибите не сакаат секогаш да веруваат дека ја заслужуваат својата среќа, но ја користат како инспирација за да постигнат нешто.
А. Ј. | Црнобело
