Што го прави секој маж совршен сопруг, според хороскопскиот знак?

shto-go-pravi-sekoj-mazh-sovrshen-soprug-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага

Нивната посветеност.

Нема попосветени мажи од вљубените Ваги. Тешко им е да се врзат, но штом ќе ја најдат вистинската, целосно ѝ се посветуваат.

За нив бракот е нешто особено важно и свесни се за одговорноста што ја имаат кон сопругата, па вистински се трудат да бидат што е можно подобри сопрузи.

Скорпија

Нивната силна енергија.

Мажите Скорпии сè што прават, прават со страст, особено кога се во прашање нивните партнерки. Токму затоа, тие се и совршени сопрузи – сакаат силно и бескрајно им се посветени на сопругите.

Покрај тоа, интуитивни се, што значи дека се и грижливи партнери кои секогаш ги земаат предвид желбите и потребите на сопругата.

Стрелец

Нивната авантуристичка страна.

Стрелците сакаат да истражуваат и опседнати се со пробувањето нови нешта. Мразат да стојат во место, па нивите сопруги секогаш можат да бидат подготвени за некаква авантура.

Бракот со маж Стрелец никогаш нема да биде здодевен или предвидлив и секој нов ден ќе носи возбуда.

Јарец

Нивната доверливост.

Мажите родени во знакот на Јарец се стабилни и сигурни. Конзистентни се и секогаш си го исполнуваат она што го ветиле, но сакаат да направат и повеќе од тоа за нивните партнерки.

Свесни се за своите обврски во бракот и кон партнерката, а токму ова ги прави совршени сопрузи, врз кои жените можат да се потпрат.

Водолија

Нивната оригиналност.

Мажите Водолии е уникатни и навистина посебни. Може да бидат ексцентрични, но ова значи дека секогаш се полни и со изненадувања.

Имаат одлична смисла за хумор, па можат да им го направат животот на партнерката многу, многу позабавен.

Риби

Нивната романтична страна.

Рибите се најголемите романтичари во зодијакот, а ова важи и за жените, и за мажите. Мажите Риби им се посветени на партнерките и секогаш наоѓаат начин да им покажат колку ги сакаат.

Ќе се потрудат нивната сопруга да се чувствува видено, убаво, ценето, сакано… Покрај тоа, во допир се во своите емоции и знаат како да ги искажат, но и контролираат.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
6 месеци во кои се родени луѓето со кои никогаш не е здодевно (и зошто ви требаат) Родените во декември се душата на секоја забава и луѓе што секој сака да ги има ...
Во кои месеци се родени луѓето што се лидери во животот? (рангирани од најдобриот) 2-ро место: Родени во јули - Ги читате луѓето како евтин роман. Вие ги носи...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...
Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...

Најчитани неделава