Една фраза која најдобро го опишува секој хороскопски знак – ќе ве „открие“ подобро од астролог
Скорпија - „Не се лутам – само запишувам забелешки“. Скорпиите се трудат да немаат многу моментални реакции на избувливост, но прават долгорочни стратегии со последици. Можеби нема ни да сфатите дека сте ја преминале границата, додека не стане предоцна.

Замислете дека секој хороскопски знак и целото негово постоење, може да се сумира во една реченица, која најчесто ја користат и го опишува карактерот. Знаете ли која би била вашата?
Во продолжение ви откриваме која фраза ве опишува подобро и од астролог, со што можеби вие не би се сложиле, но вашите блиски сигурно ќе помислат дека е 100% точно.
Погледнете која реченица најдобро го карактеризира секој знак:
Овен
„Не е импулсивно ако веќе сум почнал/а да го правам“
Овните не ги обмислуваат работите, туку ги доживуваат. Многу често прво делуваат, па потоа размислуваат за последици. Нивната верзија на смиреност, е вашата верзија за хаос.
Не се плашат да започнат нешто што не можат да го завршат, најчесто заради тоа што се презафатени и преоѓаат на друга поважна работа.
Нивната фраза во исто време е одрекување од одговорност, но и предупредување.
Бик
„Не ми е гајле што кажувате, сепак се враќам назад“
Лојалноста на Биковите е многу длабока, понекогаш оди толку длабоко, што и себеси би си наштетиле.
Независно дали се работи за бивши партнер, токсична комфор зона или некое омилено парче облека или преценето место за храна, тие постојано му се враќаат, ако нив им прави убаво на душата и среќа во срцето.
Логиката ја губи секоја моќ, кога на сцена стапува нивното чувство на комфор и нешто што им е познато – тие се конзистентни и остануваат лојални дури и кога сите други продолжуваат.
Близнаци
„Го мислев тоа кога го кажав, но потоа се предомислив“
Близнаците ги бие лош глас дека се дволични, но тоа е повеќе как во себе да имаат вградено систем за обновување. Секое искуство им носи нова верзија од себе и се приспособуваат соодветно на ситуацијата, па лесно може да променат мислење зависно околностите.
За нив обврзувањето не е тешко, едноставно е флексибилно. Нивните зборови честопати имаат краток рок на траење и во ред се со тоа.
Рак
„Добро претерав и бурно изреагирав - во ред. И што сега?“
Раковите не знаат што се тоа благи и умерени емоции. За нив сè е прекумерно, секогаш.
Свесни се за својот интензитет, но едноставно не им е гајле. Тие се како подвижна емоционална архива и секоја интеракција се зачувува, категоризира и се ревидира кога ќе дојде до некоја криза, најчесто во доцните ноќни часови.
Нивната фраза најчесто вклучува малку емоционална закана и многу страст.
Лав
„Не се чаламам, само постојам покрај тебе“
Лавовите не се обидуваат со намера и стратегија да засенат некого, тие едноставно заблескуваат каде и да се.
Влегуваат во просторија и потсвесно очекуваат дека сите треба да станат и да ги поздрават со аплаудирање само затоа што се појавиле.
Тие имаат магнетска енергија, а тоа што вниманието е често свртено на нив, тие го сметаат за такво затоа што се родени ѕвезди и мислат дека треба сите да се среќни што се во нивна близина.
Со нивната фраза, тие не се обидуваат да покажат его, туку на пиедестал го ставаат своето постоење.
Девица
„Ова можеше да го избегнеме, ако ме послушаше што кажав пред X време“
Девиците нема потреба да кажат „ти реков“. Тоа само по себе одекнува дури и во тишината.
Аналитички се и многу свесни за работите, па успеваат да предвидат катастрофа уште пред да се случи.
Не се обидуваат да го контролираат исходот, но едноставно се алергични на неефикасност.
Секогаш имаат одлично промислен план за чиста 10-ка, а нивната клучна фраза ќе ја слушнете откако ќе го игнорирате повеќепати истиот.