Една фраза која најдобро го опишува секој хороскопски знак – ќе ве „открие“ подобро од астролог

Вага
„Не можам да одберам. Ама имам концепт за секоја опција“
Вагите не само што сакаат опции, туку и ги смислуваат до најмал детаљ. Нека не ве меша неодлучноста со пасивност.
Тие постојано калкулираат, премеруваат и досредуваат финеси, динамично работат за нештото да биде совршено и уникатно.
Она што личи на двоумење е всушност стратегија за доусовршување на високо ниво.
Нивната клучна фраза е некаде помеѓу – никогаш црно и бело, секогаш убаво искомплицирано.
Скорпија
„Не се лутам – само запишувам забелешки“
Скорпиите се трудат да немаат многу моментални реакции на избувливост, но прават долгорочни стратегии со последици.
Можеби нема ни да сфатите дека сте ја преминале границата, додека не поминат неколку месеци кога животот ќе почне да ви се распаѓа заради нивното однесување и тактика која носи последици.
Тие набљудуваат, смислуваат стратегии и се емоционално интензивни, но никогаш невнимателни.
Нивната клучна фраза речиси никогаш не е изговорена наглас, но секогаш е ефективна.
Стрелец
„Сериозен/а сум... цели 5 минути“
Стрелците го мислат тоа што го кажуваат, но додека нешто поинтересно или порационално не им падне на ум или некој не им воочи.
Тие се страсни за нештото во моментот, а потоа желбата како да ја оддувал ветер.
Припадниците на овој знак честопати живеат за искуството, не за трајноста, без навреда.
Нивната клучна фраза ја опишува нивната спонтаност, желба да се живее во моментот, да се проба нешто ново и нивната селективност за меморија – односно ако нешто не е од големо значење, брзо ќе го заборават.
Јарец
„Бев неемоционален/а уште пред ти да се појавиш“
Јарците не знаат како да прават мали и празни муабети. Тие не знаат за емоционална ранливост. Ниту за непредвидливост.
Припадниците на овој знак не се ладни, едноставно се фокусирани и разумни.
Ако чувствувате како да не можете да допрете до нив, тоа е затоа што тие веќе направиле евалуација на бенефитот кој ќе го има врската за нив и ја означиле како „неутрална“, па не се трудат да вложат напор.
Нивните клучни фрази се ладни, директни и благо уништувачки.
Водолија
„Се оградувам и се исклучувам, па се враќам посилно“
Водолиите како да не се од овој свет и им се допаѓа што се такви. Емоционално се недостижни, а интелектуално ексцентрични, може да исчезнат со умот среде разговор и да се вратат со некоја мотивирачка изјава.
Чувства? Збунувачки. Логика? Малку подобра. Со нивните фрази нема да знаете на што сте – дали се шегуваат или не.
Риби
„Се вљубив во замислата која ја имав за тебе – моја грешка“
Рибите живеат во сон, каде секоја симпатија е нивна сродна душа и секое збогување е драматично.
Тие чувствуваат длабоко, романтизираат сè и бавно закрепнуваат, ако воопшто преболат некогаш.
Дали живеат во заблуда? Веројатно. Но убаво им е така. Нивните клучни фрази лебдат некаде помеѓу надежта и кршењето на срцето.
M. M. | Црнобело