Денес почнува период на трансформација за 4 хороскопски знаци - љубовни авантури, подобро здравје

Девица
Марс во вашиот знак почнува да ве движи однатре, да ви дава дополнителна доза на самодоверба, физичка енергија и лидерски дух.
Ова може да ви изгледа малку збунувачки, зашто вообичаено сте скромни перфекционисти.
Но, сега е време кога да преземете иницијатива и да покажете што умеете.
Здравјето ќе ви биде во прв план, па лесно можете да воведете нова рутина, да започнете со вежбање, да ја промените исхраната или да се посветите на менталниот баланс.
Научете да го замолчите внатрешниот глас кој ве критикува и да не го саботирате сопствениот напредок.
Излезете од вашата школка и не плашете се да се поставите како лидер или да бидете видени, зашто вашата стручност и посветеност сега се повеќе од потребни за околината (на работа и дома).
Стрелец
Марс влегува во највисоката точка од вашиот знак и тоа во зоната на кариерата, угледот и успехот.
Ова е вистинска шанса да се истакнете и да блеснете, но не да го направите тоа импулсивно, туку со тактика, прецизност и самодисциплина.
Во овие 3 недели можете да очекувате унапредување на работа или признание за вашите напори од страна на надредените.
Ќе имате можност да се докажете и како лидер, па потрудете се да го направите тоа преку балансирање на ентузијазмот и аналитичките вештини.
Во вашиот љубовен живот доаѓаат промени - ќе се појави нова личност или ќе дојде до зајакнување на постоечка врска преку заедничка работа и планови.
Оставете ги настрана филозофирањето и авантурите - сега е време за сериозен фокус и тоа ќе ви се исплати многукратно.
Риби
Марс се движи низ вашата куќа на партнерство, што значи дека сè што е поврзано со блиски односи, без разлика дали се лични или професионални, ќе дојде до израз.
Не очекувајте работите да бидат мирни, туку раст и подобрување на ситуацијата, особено ако пристапите кон сè зрело и искрено.
Во овој период е клучно да научите да поставувате граници и да ја зајакнете самодовербата, да ја научите вештината на дипломатското однесување и здраво да ги изразувате емоциите.
Ова е и период во кој ќе развиете практичен поглед на врските, т.е. помалку ќе ги идеализирате работите, а ќе бидете пореалистични.
Поврзете се со себе пред да се обидете да се поврзете со другите.
Ова е совршено време да научите што сакате и да го кажете тоа гласно и јасно.
Близнаци
Марс во Девица се фокусира на вашата зона на домот, рутината и менталната хигиена, но исто така ќе ве поттикне да соработувате повеќе, да бидете дел од заедницата и да разменувате идеи.
Бидејќи Близнаците се љубопитни по природа, сега ќе имате можност да го претворите знаењето во конкретни резултати и сè она што сте го научиле од љубопитност да го конкретизирате.
За време на овој период на трансформација, ќе треба да го организирате вашиот личен простор, животот и приоритетите.
Можни се контакти со стари пријатели, семејни проекти, реновирање на домот или заеднички активности.
Комуникацијата станува попрактична, позрела и директна.
Но, советот од астролозите е да забавите и да размислите пред да реагирате - обидете се да го усогласите вашиот брз ум со трпението (што баш и го немате).
А. Ј. | Црнобело
фото: Freepik.com