Какво ќе биде вашето љубовно лето 2025, според хороскопскиот знак?

Вага
Ова лето, Сатурн, планетата на посветеноста, излегува од вашата куќа на врските, па оваа промена ќе ве охрабри да направите чекор назад од традиционалните идеи за верност, љубов и моногамија.
Наместо тоа, ќе размислувате за „лабава“ врска или авантура без обврски, од која ни вие ни другата страна нема да имате никакви очекувања.
Важно е да поставите јасни граници од самиот почеток за да се осигурите дека никој нема да биде повреден кога ќе заврши летото.
Скорпија
Ова лето не прифаќајте ништо помалку од личност која одговара на вашето ниво.
Не е дека не сакате или не можете да уживате во неформални врски со кого било, но време е да најдете партнер кој ќе ве насмее и ќе ве мотивира интелектуално.
Можеби ќе ја запознаете оваа идеална личност која ги исполнува сите ваши критериуми, само, важно е да бидете подготвени за тоа.
Стрелец
Откако Уран ќе влезе во вашата куќа на партнерства, можеби ќе почнете врска на далечина, нешто што не го очекувавте ова лето.
За време на вашите патувања, можно е да запознаете личност која ќе стане посебна за вас и со која ќе чувствувате силна поврзаност за кратко време.
Ако сте подготвени да ѝ дадете шанса на врската на далечина, за да расте, и ако доволно се посветите на тоа што го имате, со време може да се развие во нешто реално и цврсто.
Јарец
Лесно ги привлекувате луѓето, поради што се чувствувате убаво и самоуверено.
Па ако сте сингл, ова е совршено време за да се забавувате и дружите ова лето - иницирајте излегувања, но не ги одбивајте ни понудите на пријателите - никогаш не знаете кого би можеле да сретнете.
Постои голема шанса да го завршите летото во врска со некој со кого споделувате силна кармичка поврзаност.
Водолија
Можеби ќе се фатите себеси како развивате чувства кон пријател кој е веќе во врска.
Оваа комплицирана ситуација може да доведе до појава на љубомора, па да сакате да се одмаздите со тоа што ќе почнете да излегувате со нивни близок пријател.
Ако го направите ова сценарио, подгответе се за разочарување - вашето злобно однесувањето нема да ви помогне, а можно е да го загубите пријателот.
Риби
Како што завршува летото ќе почувствувате потреба да ја завршите вашата авантура, дури и на почетокот да сте влегле во врската полни со ентузијазам и желба за нешто посериозно.
Важно е да ги држите сите вашите опции отворени, па од есен да почнете да истражувате нови можности.
А ако сакате да раскинете некому, бидете искрени, кажете што чувствувате, но пробајте да не повредите никого.
А. Ј. | Црнобело