На 17 јули почнува ретрограден Меркур - Како ќе влијае на секој хороскопски знак?

Бикови - За вас е подобро да не започнувате со нови инвестиции за време на ретроградниот Меркур, зашто лесно може да имате финансиска загуба.

utre-pochnuva-retrograden-merkur-kako-kje-vlijae-na-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Вториот ретрограден Меркур во 2025 година почнува утре, 17 јули и ќе трае до 11 август.

Според астролозите, првите влијанија од ретроградното движење на планетата веќе ги чувствуваме, некој помалку, некој повеќе.

Вториот ретрограден Меркур е во Лав, знакот кој се поврзува со лидерство, моќ и јавни настапи.

Токму затоа, ова нема да влијае само на луѓето, туку ќе предизвика големи промени и во бизнис светот, политичките ставови и ќе донесе скандали од светски размери.

А како ќе влијае ретроградниот Меркур на вашиот хороскопски знак?

Овен

Ретроградниот Меркур се движи во вашето финансиско и емотивно поле.

Можно е да имате зголемено трошење или да се поврзете повторно со некој поранешен љубовник, да ви се вратат емоции предизвикани од сеќавања од минатото.

Во овој период бидете внимателни со финансиите и не трошете без план.

Бик

За вас е подобро да не започнувате со нови инвестиции за време на ретроградниот Меркур, зашто лесно може да имате финансиска загуба.

Фокусирајте го вниманието на семејството и избегнувајте конфликти во домаќинството, бидејќи сега лесно може да се појават недоразбирања.

Со трпение и смирена комуникација ќе успеете да ги решите сите потенцијални проблеми.

Близнаци

Во овој период, може да се чувствувате збунето и немирно, па наместо да ја „смирите топката“, ќе ви биде полесно да се расправате со другите.

Наместо да реагирате импулсивно, искористете го ова време на неизвесност како можност за само-рефлексија.

Погледнете кон себе за да откриете што навистина сакате и да го одредите патот што сакате да го следите во иднина.

Рак

Во овој период избегнувајте непотребни купувања или купување работи што веќе ги поседувате.

На работа, бидете особено внимателни да не направите грешка, а потенцијалните недоразбирања  решете ги со трпение и двапати проверете ги работите што се неопходни.

Фокусирајте се на одржување емоционална стабилност за да можете да се справите со сите предизвици.

Лав

Бидете внимателни при ракувањето со електронските уреди, бидејќи тие може неочекувано да престанат да функционираат.

Не заборавајте редовно да ги зачувувате податоците што ви требаат.

Ако патувате во овој период, земете ги предвид можните доцнења и планирајте го вашиот распоред однапред за да избегнете непотребен стрес.

Девица

Обрнете внимание на вашето физичко здравје овој период, но и на менталното здравје.

Некои Девици може да доживеат несоница, па ако се чувствувате преоптоварени, размислете да разговарате со некој кому му верувате дека ќе ви помогне да ги ослободите вашите емоции.

Слушањето смирувачка музика пред спиење може да доведе до подобар сон и релаксација.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...

Најчитани неделава