На 17 јули почнува ретрограден Меркур - Како ќе влијае на секој хороскопски знак?

utre-pochnuva-retrograden-merkur-kako-kje-vlijae-na-sekoj-horoskopski-znak-03.jpg

Вага

Во деновите на ретроградниот Меркур може лесно да ви се зголемат трошоците, па затоа управувајте со вашите финансии внимателно, но чувајте се и од потенцијални измами.

На работа, обрнете дополнително внимание на деталите во документите и темелно препрочитувајте ги.

Одржувајте пријателска комуникација со колегите и претпоставените, за работите да течат непречено.

Скорпија

Можно е да добиете впечаток дека работата ви станува посложена, но сето тоа е резултат на ретроградниот Меркур.

Сепак, покажете трпение при комуникацијата со клиентите и соработниците, а не заборавајте да правите резервни копии на важни документи и податоци.

Ако се надевате дека ќе започнете нова романтична врска, можеби ќе имате шанса да запознаете некој нов во овој период.

Стрелец

Во овој период, плановите за патување може да бидат сменети или откажани, па затоа е мудро да имате резервен план за тоа како да го распоредите времето.

Можеби повторно ќе остварите контакт со стар љубовник, ќе си вратите некој деактивиран профил на социјалните медиуми или ќе почнете хоби што отсекогаш сте го сакале.

Јарец

Обрнете големо внимание на финансиските трошења и прашањата поврзани со приватност во овој период.

Внимателно управувајте со вашите финансии и избегнувајте споделување лични работи со други - најдобро е да не се истакнувате периодов.

Исто така, избегнувајте финансиски вложувања за време на ретроградниот период, бидејќи тие можат да доведат до загуба.

Водолија

За време на ретроградниот Меркур, повторно може да се најдете во контакт со луѓе од минатото или да посетувате места кои ве поврзуваат со нешто дамнешно.

Бидете трпеливи и комуницирајте отворено со вашето семејство или со саканата личност за да избегнете недоразбирања.

Ова е поволен период да ги разгледате и зајакнете вашите финансиски планови.

Риби

Поради ретроградниот Меркур напредокот на деловен план може да биде бавен.

Не се откажувајте лесно - бидете трпеливи и ќе можете да надминете многу предизвици.

Ова се и денови кога мора да бидете внимателни со околината и да се обидете да избегнувате расправии.

А. Ј. | Црнобело / фото: Pinterest.com



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...

Најчитани неделава