Љубовен хороскоп за август 2025: Девици - верувате дека партнерот не ви е верен и ќе правите љубоморни сцени
Риби - ако сте во врска, некои од вас преку ноќ ќе решат да прекинат да се гледаат со личноста со која се одамна заедно.

Летото е во втората половина и полека одминува, но тоа не значи крај за љубовните авантури.
Некои хороскопски знаци ќе ја пронајдат љубовта, други ќе раскинат, а трети, пак, ќе се најдат на крстосница, прашувајќи се што треба да прават понатаму.
Што носи овој август за секој хороскопски знак на љубовен план?
Овен
Ако сте во врска
Овој месец е можно да дојде до мали недоразбирања поради импулсивни реакции или љубомора од страна на партнерот. Со малку повеќе трпение и искрен разговор ќе успеете да ги надминете. Но, ова е и месец кога многу Овни ќе бидат во дилема дали партнерот ги исполнува нивните критериуми, или сепак треба да свртат нов лист и да продолжат понатаму сами.
Ако сте слободни
За слободните Овни, август носи интересна средба, која може да се случи преку пријатели, или пак, сосема непланирано. Не брзајте - вистинската личност ќе се покаже во вистинско време. Ваше е само да го слушате срцето, но и разумот, а тие ќе ве одведат на вистинското место.
Бик
Ако сте во врска
Вашата врска ќе биде стабилна, особено ако планирате кратко патување само вие двајцата. Ќе се чувствувате поблиску и поисполнето од вообичаено. Некои Бикови, пак, можно е да почувствуваат незадоволство поради односот на партнерот и да го кренат својот гард, наместо да разговараат со него/неа.
Ако сте слободни
Ако сте сингл, можно е да почувствувате привлечност кон личност што ја гледате секојдневно (а е во знакот на Риба, Јарец или Скорпија). Врската со оваа личност може да започне тивко, но има сериозен потенцијал да се претвори во нешто големо и убаво. Биковите кои неодамна прекинале долга врска не треба да флертуваат со колегите од работа.
Близнаци
Ако сте во врска
Близнаците во врска во текот на овој месец ќе чувствуваат потреба за повеќе простор и слобода. Партнерот може да не ве разбере веднаш, но со отворен разговор меѓу вас, сè ќе дојде на свое место. Само запомнете - не ја обвинувајте саканата личност за работи за кои не е виновна.
Ако сте слободни
Ако сте сингл, во август ќе запознаете неколку интересни личности и ќе уживате во флертот. Поради ова ќе ви биде тешко да одберете една личност со која би почнале врска, но во моментов тоа нема да ви пречи. Се водите од мотото дека е лето и дека авантурата е позабавна отколку да почнете нешто сериозно.
Рак
Ако сте во врска
Ракови, во текот на месецов ќе посакувате да создадете подлабока емоционална поврзаност со партнерот. Но, тоа најверојатно нема да ви успее ако на дневен ред се појави некој стар проблем, кој не успевате да го решите на зрел начин. Преиспитајте се себеси, своите одлуки и одговорете си на прашањето - дали треба да попуштите за доброто на врската или да продолжите да се инаетите, дури и по цена на тоа да прекинете?
Ако сте слободни
Ако сте сингл, Ракови, некој од блиското опкружување ќе ви привлече внимание овој август. Слушајте ги чувствата, но внимавајте и на постапките на другата страна, зашто тоа ќе ви каже повеќе отколку зборовите. Некои, пак, ќе почнат интензивно да размислуваат за личност со која биле во врска во минатото.
Лав
Ако сте во врска
Љубовта ќе ви биде во центарот на вниманието, без оглед дали сте одамна во врска, или неодамна почнавте нешто ново. Но, ако сте во врска, очекувајте страстни моменти со саканата личност и романтични изненадувања, кои ќе ви го направат овој месец многу убав. Иако првите денови од август ќе ви бидат исполнети со дилема, до крајот на месецот јасно ќе видите дека, најверојатно, имате убава иднина со личноста со која се гледате.
Ако сте слободни
Лавовите кои се слободни, ќе бидат забележани од околината, ќе привлекуваат со својот шарм, и ќе можат, буквално, да ја добијат секоја личност што им се допаѓа. Некои Лавови ќе почнат комуникација со личност која е сосема спротивна од нив, па колку и да се заинтересирани, сепак на крајот ќе решат да се повлечат поради големите разлики во секој поглед.
Девица
Ако сте во врска
Сакате стабилност во врската, но се чини дека никако не успевате да стигнете до посакуваната цел. Ќе имате впечаток дека партнерот не ви е верен, па ќе правите љубоморни сцени. Ова е добар период за искрени разговори и за планирање на иднината, колку и да ви се чини дека во моментов таа е на „климави нозе“.
Ако сте слободни
Ако сте сингл, љубовта во август може да се појави преку работа или онлајн комуникација. Не се залетувајте веднаш, туку одете чекор по чекор за да го добиете тоа што сакате. Важна е трпеливоста и запомнете - не е сè што блеска навистина вредно. Некои Девици ќе имаат средба со личност која им била емотивно важна во минатото.
