Денес се отвора Лавовската порта - На кои хороскопски знаци ќе им донесе непријатности?

denes-se-otvora-lavovskata-porta-na-koi-horoskopski-znaci-kje-im-donese-neprijatnosti-02.jpg

Рак

Вие сакате сигурност, интимност, работите да ви се познати.

А Лавовската порта ве исфрла напред на сцена, ве поттикнува да зборувате, да се покажете. Сè она што претпочитате да го задржите за себе, сега може да исплива ненајавено.

Ова не е момент за прекумерна ранливост во погрешно друштво, ниту за преземање емоционални ризици без основа.

Повлечете се во тишина ако се чувствувате преоптоварени (денес и во следните денови) - не мора да бидете достапни за сите секојпат кога ќе чукнат на вашата врата.

Јарец

Лавот ќе ве потсети дека ништо не можете да контролирате засекогаш.

Иако живеете според одреден план, ред и лична одговорност, поради отворањето на Лавовската порта, ќе се запрашате „Зошто го правам сето ова?“.

Можно е да почувствувате знаци на ментална исцрпеност и тивка паника, особено ако сте веќе на работ на силите.

Затоа, денес и во следните неколку дена, не работете ништо, туку одморајте.

Продуктивноста не е синоним за вредност. Ако не сте направиле ништо, тоа не значи дека сте потфрлиле.

Риби

Иако Лавот како да вика „види ме, сакам да сум во фокусот“, вие едноставно, сакате да бидете невидливи и никој да не се фокусира на вас.

Токму затоа денешниот, и следните неколку дена ќе ви паднат тешко.

Вие тешко поднесувате колективни напливи на енергија, а Лавовската порта ќе ви го приреди токму тоа што го мразите - денови со силна, огнена и пробивна енергија поради која сите ќе гледаат во вас.

Можно е да се чувствувате изгубено, вознемирено, како сите да ве влечат за ракав на своја страна, а вие да не знаете каде сте.

За да се ослободите од притисокот што го чувствувате, пробајте да го прифатите тоа што ви го носи денот (и следните неколку дена), наместо да се борите против тоа.

Девица

За вас отворањето на Лавовската порта ќе изгледа како попладневен хаос кој пробувате да го средите утрото, уште пред да се случи.

Вашата импулсивност ќе биде без причина, ќе го губите фокусот, ништо нема да ви оди од рака - тоа ќе ве излудува денес и во следните неколку дена.

Самите си создавате притисок дека мора веднаш да решите сè - емоции, планови, сомнежи.

Не брзајте да го расчистите хаосот - погледнете го прво, па направете план како да реагирате.

Не секоја несигурност е знак дека нешто не е во ред.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
3 хороскопски знаци кои најмногу се радуваат на туѓата несреќа Близнаците откако ќе дознаат за туѓа несреќа, почнуваат да се јавуваат кај прија...

Најчитани неделава