Девица и уште четири хороскопски знаци со најостар ум во Зодијакот

Скорпија - се борите со стратегија и тишина
За вас менталната битка со луѓето е многу повеќе од обично несогласување.
Вие ја претворате во психолошка шаховска игра и обично сте десет чекори пред другите.
Знаете како да останете смирени додека другите го губат тлото под нозете или својата смиреност.
Работите може да ве погодат силно, но вие ретко покажувате емоции, плус секогаш криете и по некој адут во ракавот, со кој ќе излезете како победници.
Кога ќе се најдете во умствена битка, прво набљудувате, планирате, а „напаѓате“ само кога ќе мислите дека е вистинско време за тоа.
И секогаш се трудите да бидете победник.
Вашата сила лежи во тоа што добро ги разбирате луѓето - читате меѓу редови, забележувате суптилни промени во енергијата и претчувствувате нечии намери или реакции и пред да проговорат.
Јарец - останувате смирени без оглед на сè
Вие не експлодирате кога работите ќе станат тешки, напротив, станувате уште пофокусирани.
Знаете како да ги оставите емоциите настрана и да размислувате логично, особено кога другите ќе почнат да се вртат во круг, а тоа ве прави силен ментален борец.
Вас не ве интересираат ситни расправии. Наместо тоа, пробувате да ја видите пошироката слика и мирно да најдете решенија.
Дури и кога луѓето се обидуваат да ве провоцираат, вие одговарате строго и јасно им давате до знаење дека не треба да си играат со вас.
Водолија - не реагирате емотивно
Вие имате способност да бидете емоционално затворени кога работите стануваат напнати.
Но, во вашиот случај тоа не е студенило, туку начин да покажете дека ја држите ситуацијата под контрола.
Не влегувате лесно во драми и тоа ви дава голема предност во менталните битки.
Ги анализирате ситуациите од секој агол, имате неколку решенија и сте непредвидливи за околината.
Кога другите реагираат, вие размислувате. Кога ќе нападнат - вие прашувате.
Вашата сила доаѓа од вашата способност да се поставите над другите, да ги игнорирате коментарите и да ја видите целосната слика.
А преку вашите расправии, всушност, ги терате луѓето да размислуваат поинаку.
А. Ј. | Црнобело / фото: Pinterest.com
