Вечерва има црна месечина која носи нови почетоци: Како ќе влијае на секој хороскопски знак?
Девици, бидејќи оваа црна месечина е во вашата сезона, нејзиното влијание ќе биде особено моќно за вас. Очекувајте големи, но позитивни промени во врска со вашите ставови и цели, како и вашето здравје.

Вечерва и следната вечер ќе има редок феномен на ноќното небо – таканаречена црна месечина.
Иако звучи мрачно, феноменот се однесува на втората млада месечина во еден месец, а во астрологијата означува период на нови почетоци, трансформации, но и поизразени емоции.
Бидејќи оваа Црна месечина е во сезоната на Девица, астролозите велат дека на повеќето знаци ќе им даде поттик за трансформација.
Што да очекувате вие, според вашиот хороскопски знак?
Овен
Фокусот ќе го насочите кон здравјето и секојдневната рутина.
Можно е да почувствувате ненадејна желба да се ослободите од лошите навики и да биде подисциплинирани.
Постои можност да се појават многу неочекувани работни обврски, но токму ова ќе ви помогне да направите подобра рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот.
Бик
Оваа црна месечина најмногу ќе влијае врз ваша креативност, како и љубовниот живот.
Ќе чувствувате потреба повеќе да ги искажувате вашите емоции, а сосема возможно е да се роди и нова љубов.
Ако сте во врска, можно е да се врата некои стари нерешени проблеми, но заедно со нив ќе има и желба да најдете решение.
Близнаци
Влијанието на црната месечина ќе биде најизразено околу семејството и домот.
Можеби ќе сакате да направите некоја промена, како реновирање, па и преселување или, пак, ќе пробате да воспоставите поздрави граници во односот со членовите на семејството.
Искористете го овој период да се поврзете со вашето вистински јас и да ја најдете емоцинална поддршка од најблиските.
Рак
Најголемо влијание од црната месечина ќе чувствувате во комуникацијата.
Ако сте одложувале некој сериозен разговор, сега ќе мора да се посветите на него.
Ова е идеален период за пишување, учење, но и создавање нови пријателства кои ќе имаат потенцијал да ви отворат навистина добри можности во блиска иднина.
Лав
Црната месечина ќе ви го насочи фокусот кон финансиите, но и вашето мислење за себе.
Можно е да се јават неочекувани промени кога се во прашање парите кои ќе ве натераат да ги преиспитате вашите финансиски цели.
Истовремено, ова е период кога треба да инвестирате во себе и да поставите поцврсти темели за вашата иднина.
Девица
Бидејќи оваа црна месечина е во вашата сезона, нејзиното влијание ќе биде особено моќно за вас.
Очекувајте големи, но позитивни промени во врска со вашите ставови и цели, како и вашето здравје.
Можно е да се откажете од некои лоши навики, што, пак, ќе ви даде сила да се претворите во нова, подобра верзија од себе.