Вечерва има црна месечина која носи нови почетоци: Како ќе влијае на секој хороскопски знак?

vecherva-ima-crna-mesechina-koja-nosi-novi-pochetoci-kako-kje-vlijae-na-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Вага

Црната месечина најмногу ќе влијае врз вашата духовност и вашата потсвест.

Самотијата ќе ви се чини привлечна и ќе сакате да ги заздравите старите рани кои долг период ве кочат.

Периодов обрнувајте внимание на вашите соништа и слушајте ја интуицијата бидејќи може да ви ја промени перспективата за многу нешта.

Скорпија

Главниот фокус периодов ќе ви бидат пријателствата и социјалниот живот.

Можни се нови познанства или промени во динамиката со односот со пријателите.

Некои пријателства може да завршат, додека други ќе се продлабочат и ќе добијат ново значење за вас.

Стрелец

Кариерата и репутацијата ќе ви бидат главниот фокус за време на владеењето на црната месечина.

Ќе ви се пружат нови можности или, пак, ќе ви се роди желба наново да го дефинирате вашиот кариерен пат.

Сега е идеален период да поставите долгорочни професионални цели, но и храбро да се придвижите кон нив.

Јарец

Црната месечина ќе ве натера да се фокусирате на учењето нови работи, но и менувањето на вашите верувања.

Ќе бидете инспирирани да ги проширите вашите хоризонти преку учење, читање, па и духовно истражување.

Ќе ги прифаќате туѓите мислења и сосема возможно е да си ја промените перспективата за некои работи.

Водолија

За време на оваа црна месечина ќе доживеете длабока трансформација.

Ќе се соочите со промени поврзани со кариерата, интимноста, или динамиката во односот со другите.

Ова е период кога треба да заборавите на желбата за контрола и само да им дозволите на промените да се случат.

Риби

Главниот фокус ќе ви бидат врските со другите. Црната месечина може да ве натера одново да размислите за вредноста на вашите врски, без разлика дали со партнер, пријатели или членови на семејството.

За некои ова може да биде нова љубов, додека за други може да значи и ставање крај на некои токсични врски.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Годината на раѓање открива што ве очекува до крајот на 2025-та - Дали ќе бидете среќник или малер? Некој ќе доживее големи промени на подобро, друг го очекува финансиски напредок....
На 1-ви април е розова полна Месечина - Како ќе влијае на секој хороскопски знак? Јарец - Кариерата ќе ви е на врвот на листата за време на оваа полна розова Месе...
Пораката што треба да ја слушнете од вашата помлада верзија, според астрологијата Рак – Можете да се грижите за другите без да ги мешате вашите емоции. Туѓата бол...

Најчитани неделава