Хороскопски знаци на кои конечно ќе им се подобри животот, еден месец по крајот на ретроградниот Меркур

Девици, Меркур е планетата што владее со вашиот знак, па сега, еден месец по завршувањето на нејзината ретроградна фаза, конечно ќе си ја вратите контролата во животот.

horoskopski-znaci-na-koi-konechno-kje-im-se-podobri-zhivotot-1-mesec-po-krajot-na-retrogradniot-merkur-01.jpg

Вториот ретрограден Меркур за 2025 година започна на 17-ти јули, а заврши 11-ти август.

Но, повеќето значи го чувствуваа неговото влијание со недели подоцна.

Сега, еден месец по крајот на оваа фаза, сите хороскопски знаци ќе чувствуваат некакво ослободување.

Но, на следниве четири, овој период животот навистина ќе им тргне во подобра насока:

Девица

Бидејќи Меркур е планетата што владее со вашиот знак, сега штом заврши неговата ретроградна фаза, се чувствувате поорганизирано и си ја враќате контролата над животот.

Вие имате талент за забележување детали кој сега ќе биде уште поизразен.

Па, сега е идеален период да се посветите на запоставените проекти, да размислите за вашите намери и да создадете некаква структура во приватниот и професионалниот живот.

Ќе успеете да се ослободите од стресот, а и мислите ќе ви бидат појасни, па можете да ја подобрите рутината за грижа за себе.

Самоуверено испланирајте ги следните чекори, поставете си разумни цели и активно комуницирајте со колегите, пријателите и семејството.

Близнаци

Бидејќи и вие сте под влијание на Меркур, периодов ќе забележите дека вашите мисли стануваат појасни.

Сите забуни и недоразбирања од ретроградната фаза исчезнуваат и ова ќе се одрази позитивно врз секоја аспект од вашиот живот.

Најголемо влијание ќе забележите во комуникацијата со другите – разговорите ќе се одвиваат смирено, нема да ви недостасуваат идеи, а и мошне лесно ќе ширите нови познанства.

Ќе ви се врати и енергијата што ви недостасуваше, ќе бидете расположени за дружба, па сега е идеален период да го подобрите односот со пријателите, но и со партнерот. Ако сте сингл, можно е да најдете и нов партнер.

Кога се во прашање работата и кариерата, посветете се на проектите кои ја поттикнуваат вашата креативност, но и кои ќе ви овозможат раст.

horoskopski-znaci-na-koi-konechno-kje-im-se-podobri-zhivotot-1-mesec-po-krajot-na-retrogradniot-merkur-02.jpg

Јарец

По завршувањето на ретроградната фаза, Меркур има влијание врз вашите планови.

Сега е време да ги претворите идеите во реалистични цели, без разлика дали се однесуваат на работата, љубовта или нешто друго од приватниот живот.

Вашите визии стануваат појасни, а уште поважно, ја имате и мотивацијата што ви треба за да се придвижите напред.

Сега кога ви се врати и амбицијата, време е да станете подисциплинирани и да се посветите на сето она што сте го запоставиле додека траеше ретроградниот Меркур.

Стрелец

Секој ретрограден Меркур за вас претставува особено тежок период.

Но, сега, по завршувањето на оваа фаза, ви се враќаат оптимизмот и желбата да се подобрите.

Вие сте најсреќни кога сте во движење и кога растете, па сега конечно можете да се посветите на плановите за патување, на личните проекти, но и на значајните врски со луѓето.

Можете да ја претворите инспирацијата во дела, а со помош на љубопитноста, нема да ви недостасуваат можности за успех.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Три хороскопски знаци кои овој јуни ќе ги следи голема среќа (на секое поле) Овни, овој месец има потенцијал да ви го подобри љубовниот живот, а 14-ти јуни ќ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
4 месеци во кои се родени луѓе кои наскоро ги очекува можност што не смеат да ја пропуштат Ако сте родени во јуни, наскоро дефинитивно ќе ви се пружи можност која ќе ви го...

Најчитани неделава