Кое место во светот треба да го посетите во 2026-та, според хороскопскиот знак?
Вага - Париз, Франција
Вагите се естети кои обожаваат уметност, романса и стил. Затоа Париз е нивниот рај, место каде што ќе доживеат убавина на секој чекор.

Скорпија - Исланд
Скорпиите сакаат мистеријата, интроспекција и уникатните искуства. Исланд, со своите вулкани, гејзери и можноста да се види аурората, совршено одговара на нивната длабока природа.

Стрелец - Перу (Мачу Пикчу)
Стрелците се родени патници и истражувачи, а Перу и древните цивилизации ја задоволуваат нивната љубопитност и авантуристички дух.

Јарец - Норвешка
Јарците ги сакаат планините, дисциплината и природата. Норвешка, пак, нуди мир, прекрасни пејзажи и можност да се поврзат со себе - како создадено место за Јарците.

Водолија - Берлин, Германија
Водолиите се оригинални, модерни и социјално свесни. Берлин, пак, е град на иновации, уметност и слободен дух - исто како и тие.

Риби - Бали, Индонезија
Рибите бараат духовност, мир и поврзаност со водата и затоа Бали е нивната оаза - место на медитација, хармонија и инспирација.

А. Ј. | Црнобело / фото: Depositphotos.com