Финансиски хороскоп за февруари 2026 - Кои знаци ќе имаат добивка, а кои загуба овој месец?
Лавови - Вие сте еден од знаците кои треба да очекуваат најголем раст на приходите во 2026 година, а февруари особено ја нагласува таа приказна.

Февруари 2026 ќе ги стави „под лупа“ приходите и трошоците, особено по 17-ти, кога ќе имаме помрачување на Сонцето.
За некои знаци ова ќе значи напредок во кариерата, за други ќе донесе загуба.
Во која група сте вие?
Прочитајте што ви носи финансискиот хороскоп за февруари 2026:
Овен
Февруари ја зголемува тензијата околу деловните соработки и плановите за иднината. Бидете похрабри во вмрежувањето, барањето контакти и приклучувањето кон проекти каде што парите доаѓаат преку групна, а не само од соло работа.
Ова ќе биде и месец во кој ќе треба повеќе да се позанимавате со вашиот домашен буџет, долговите и недвижностите или семејните финансии.
Кон крајот на месецот почнува период на импулсивни одлуки, но тие нема да ви донесат приходи, напротив, само ако имате добра стратегија ќе остварите прилив на пари.
Бик
Вашиот фокус овој месец е насочен кон напредок во кариерата, а вашите зголемени амбиции ќе ве „тераат“ да размислувате за поголеми пари.
Затемнувањето на Сонцето на 17 февруари може да ви донесе ненадеен пресврт – промена на работното место, работа на поголем проект или одлука да излезете од вашата зона на удобност - а сè за повеќе пари.
Ова за вас ќе биде месец на финансиска пресвртница - работите се добри на долг рок, но ако сакате брзи пари, нема да ги добиете.
Близнаци
Февруари е месец во кој конечно ќе се потрудите една ваша визија да претворите во реалност.
Ако изминатиот период вложувавте во себе, во поголемо знаење - сега е време кога ќе ги видите конкретните резултати - понуда за подобро платена работа или за работа на проект со странство од кој може да очекувате многу пари и тоа веднаш.
Но, бидејќи вашиот владетел Меркур влегува во Риби и оди ретроградно, многу е важно да го проверите двапати секој договор, ветување поврзано со работата и хонорарите.
Рак
Овој февруари акцентот е ставен на заедничките ресурси, кредити, наследството и парите на партнерот.
Затемнувањето на Сонцето на 17 февруари може да ги забрза работите поврзани со овие теми: рефинансирање, важен паричен разговор, договор за инвестиција или стар паричен долг кој мора да се исплати.
Слушајте ја вашата интуиција и сите финансиски одлуки месецов носете ги водени од неа, но сепак не заборавајте да ги проверите конкретните бројки за да не западнете во финансиска „дупка“.
Лав
Вие сте еден од знаците кои треба да очекуваат најголем раст на приходите во 2026 година, а февруари особено ја истакнува таа приказна.
За вас, месецов, парите доаѓаат преку клиенти, деловни партнери или преку брачниот партнер.
Но, овој месец ќе биде и пресвртница во однос на тоа што сакате, а на што не сакате да правите големи трошоци, но можно е и да расчистите со некој стар долг и да ви „падне камен од срцето“.
Девица
Февруари за вас носи фокус на секојдневната работа, организацијата и здравјето, и токму тука лежи вашиот финансиски потенцијал.
Затемнувањето на Сонцето на 17 февруари може да донесе промена во работната средина, понуда за нов проект или одлука да го смените начинот на кој заработувате пари.
Овој месец е идеален за преглед на постоечките договори, проверка на роковите и дискусии за права и обврски во деловните кругови - кон крајот на февруари ќе сфатите точно од каде може да очекувате екстра прилив.