Финансиски хороскоп за февруари 2026 - Кои знаци ќе имаат добивка, а кои загуба овој месец?

finansiski-horoskop-za-fevruari-2026-koi-znaci-kje-imaat-dobivka-a-koi-zaguba-ovoj-mesec-025.jpg

Вага

Овој февруари ќе ја покажете вашата креативност, но ќе бидете подготвени и за преземање финансиски ризик.

Ова е месец кога можете да го претворите хобито во извор на приход или посериозно да почнете работа на креативен проект што ќе ви донесе пари.

Заработката доаѓа од правење на она што ви се допаѓа, но под услов да го прикажете тоа пред луѓе, а не да се криете.

Скорпија

Вашите долгорочни напори кои сега конечно почнуваат да даваат плод, а можна е заработка од сферата на домот, недвижностите, семејството и слично.

Промени може да се случат во неколку области - преселба, реновирање, наследство или одлука за инвестирање во недвижнини - работи кои можат да ви обезбедат посилна финансиска основа на долг рок.

Ако се држите до својата интуиција, комбинирана со конкретни факти, можно е да имате значително зголемување на приходите.

Стрелец

Февруари за вас може да донесе најава за важен договор, нов клиент, идеја за онлајн проект или шанса да го пренесете вашиот глас до поширока публика.

Парите доаѓаат преку пишување, предавања, маркетинг или преговарање - колку појасно зборувате, толку се поконкретни понудите.

Ретроградниот Меркур може да донесе доцнења во врска со документи поврзани со стан, кредити, кирија или семејни договори, па бидете внимателни да не загубите многу пари.

Јарец

Февруари за вас ќе биде „мешан“ месец на финансиски план - ќе имате и приходи и трошоци, но ќе се најдете и во ситуација да треба да одредите цена на вашата работа.

Затемнувањето на Сонцето на 17 февруари се случува во вашето поле на лична заработка, па затоа има ќе ве поттикне да донесете одлуки за плата, хонорари и како да управувате со ресурсите.

Можни се ненадејни пресврти - некои Јарци ќе добијат понуда со многу пари, а додека сами ќе стават крај на нешто и откако ќе „пресечат“ ќе преминат на нешто што подобро ќе ја одрази нивната вредност.

Водолија

Февруари е клучен месец за вас на финансиски план, особено во деновите околу 17 февруари.

Финансиски, ова значи дека почнувате да барате што е реално ваше и престанувате да прифаќате улоги каде што сте „тивок мотор“ без соодветна компензација.

Месецов полесно ќе ја одредите цената на вашата работа и да изберете проекти што ви се исплатуваат.

Риби

Ако на почетокот на месецот направите подобра организација на животот, решите да научите нови вештини и сфатите дека имате силна интуиција - ве очекуваат и повеќе пари.

Обидете се да се вратите на старите идеи, контакти и планови - некои сега може да добијат нова, позрела форма, а подоцна да станат извор на приход.

Ова е период во кој се активира дополнително вашето поле на креативност, поради што ќе се фокусирате на проекти „од срце“ - сè што ве исполнува претставува најголем финансиски потенцијал за вас во 2026 година.

А. Ј. | Црнобело / фото: Pinterest.com



Би можело да ве интересира:

Финансиски хороскоп за ноември 2025: Кои знаци ќе добијат повеќе пари, а кои ќе имаат загуба овој ме... Ноември ќе биде поволен месец на финансиски план за Лавовите, особено оние кои и...
Финансиски хороскоп за април 2026: Кои знаци ќе се збогатат, кои ќе останат без пари? Бикови - Овој месец ќе бидете магнет за пари и можно е да имате финансиски прили...
Финансиски хороскоп за ЈАНУАРИ 2026 - Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Ракови - Овој месец вашите финансии повеќе ќе зависат од другите луѓе откол...
Финансиски хороскоп за јуни 2026: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат парична загуба? За Лавовите ова ќе биде финансиски нестабилен месец и постои можност за загуба, ...
Финансиски хороскоп за јули 2026: Кои знаци ќе имаат добивка, а кои ќе загубат пари месецов? Девиците што работат во семејна фирма или кај пријатели, во јули ги очекува пого...
Финансиски хороскоп за октомври 2025: Кои знаци ќе имаат загуба, а кои добивка овој месец? Октомври ќе биде неповолен месец на финансиски план за Овните, до толку што неко...

Најчитани неделава