Што прави секој хороскопски знак кога сака да скрие дека не се чувствува добро?
Рак - Ги лажираат своите насмевки, исфорсирано се смеат, тврдат дека се добро, се преправаат дека се во ред. Скорпија - Ќе се напијат. Ќе пцујат. Ќе треснат чаша во маса. Ќе удираат во ѕидови и за нешто што малку ќе ги изнервира (иако тоа не е вистинската причина).

Ретки се оние луѓе кои сосема отворено разговараат со секого за тоа како се чувствуваат и низ какви фази минуваат.
Па дури и тие, понекогаш имаат моменти кога не се добро и одлучуваат да го задржат тоа за себе.
На некои им успева да стават маска и да ги скријат емоциите, други пак, се лесно провидни и може да им се прочита од лице.
Што прави секој хороскопски знак во такви периоди кога потајно не се чувствува добро и како пробуваат да го прикријат тоа?
Овен
Си го полнат распоредот и пробуваат да се постојано зафатени. Работат прекувремено, не спијат, вежбаат повеќе отколку што треба, си го одвлекуваат вниманието на секој можен начин.
Бик
Им се обраќаат на пријатели со кои не разговарале подолг период. Свесни се дека се под стрес и минуваат низ тешка фаза и пробуваат да се поврзат со луѓе со кои биле блиски и со кои иако малку се оддалечиле привремено, кога ќе ги прашаат „како си“, ќе можат како од пушка да си ја испразнат душата.
Близнаци
Даваат нејасни одговори кога ќе ги прашате нешто за животот, се „шегуваат“ за тоа дека нивниот живот веќе нема смисла, но прават да звучи како да не е ништо страшно. Не сакаат да зборуваат за свои проблеми, сакаат да заборават на нив, па пробуваат да ја оттргнат темата.
Рак
Ги лажираат своите насмевки, исфорсирано се смеат, тврдат дека се добро, се преправаат дека се во ред, бидејќи не сакаат никој да се грижи, но нивната фарса е прилично забележлива и вештачка.
Лав
Се нервираат и лутат за навидум ситни работи, како на пример зошто веќе нема житарици или зошто нешто стои на погрешно место. Нивните емоции излегуваат на површина за сосема неочекувани ситуации, но никој не го знае вистинскиот корен на проблемот, освен самите тие.
Девица
Постојано се чувствуваат уморно и наоѓаат изговори за тоа зошто не можат да се дружат. Немаат желба да ги видат ниту пријателите, ниту да прават работи што вообичаено сакаат да ги прават. Само сакаат да одмараат и да се изолираат.