Што прави секој хороскопски знак кога сака да скрие дека не се чувствува добро?

shto-pravi-sekoj-horoskopski-znak-koga-krie-deka-ne-se-chuvstvuva-dobro-02.jpg

Вага

Ќе ве прашуваат дали сте добро, дали ви е потребно нешто, ќе се обидат да најдат начин како било да ви помогнат и да ви се најдат за нешто. Ќе се обидуваат да решат сечии проблеми, бидејќи е полесно да се фокусираат на туѓите отколку на своите.

Скорпија

Ќе се напијат. Ќе пцујат. Ќе треснат чаша во маса. Ќе удираат во ѕидови и за нешто што малку ќе ги изнервира (иако тоа не е вистинската причина). Зборуваат со повишен тон дури и со пријателите. Ги чуваат во себе причините, но емоциите ги истураат надвор од себе, дури и повеќе од што треба.

Стрелец

Личат дефокусирано и постојано нешто друго им го одвлекува вниманието. Почнуваат да јадат повеќе. Се смеат помалку. Поминуваат повеќе време на социјални мрежи отколку во живо да се гледаат со луѓе, бидејќи избегнуваат контакти и некој да може да ги забележи.

Јарец

Престануваат да одговараат на пораки и повици. Се затвораат во домот со денови. Се успиваат „случајно“ и не стигнуваат на договорен термин. Едвај се движат, освен ако мора да станат за до тоалет или за на работа.

Водолија

Слушаат гласна музика, прават шеги на своја сметка, почнуваат да пишуваат или да цртаат или да гледаат нешто и се „преселуваат“ во сосема друг свет за да избегаат од својот. И одеднаш, оптимизмот им се претвора во песимизам.

Риби

Потивки се од вообичаено во групните разговори и полека исчезнуваат, или само гледаат што се случува, без да дадат знак дека се живи. Им треба многу време за да одговорат на пораки или го игнорираат телефонот целосно. Не постои шанса да не забележите дека нешто им се случува.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
3 хороскопски знаци кои најмногу се радуваат на туѓата несреќа Близнаците откако ќе дознаат за туѓа несреќа, почнуваат да се јавуваат кај прија...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...

Најчитани неделава