Финансиски хороскоп за март 2026: Кои знаци ќе имаат загуба, а кои ќе се збогатат?

Пред крајот на месецот, околу 29-ти или 30-ти март, некои Бикови може да добијат пари од наследство или на игри на среќа.

finansiski-horoskop-za-mart-2026-koi-znaci-kje-imaat-zaguba-a-koi-kje-se-zbogatat-01.jpg

Третиот месец во 2026 ќе ги стави „под лупа“ приходите и трошоците, особено по 20-ти март, кога ќе престане ретроградното движење на Маркур и нештата ќе тргнат нанапред.

За некои знаци ова ќе значи финансиски напредок (или успех во кариерата), но на други ќе им донесе загуба.

Во која од овие категории сте вие?

Прочитајте што ви носи финансискиот хороскоп за март 2026:

Овен

На деловно поле ситуацијата е одлична во текот на целиот месец, а за вас тоа ќе значи и можност за напредок во кариерата, но и финансиски приход.

Ова особено се однесува на оние што се бават со естетика, нега или економија.

Особено поволен период за поголема заработка ќе биде по 20 март.

Бик

Биковите кои се занимаваат со јавна работа или се во сферата на забавата, може да очекуваат поволности на финансиски план во март.

Важно е да се водите од интуицијата, да сте сконцентрирани на своите цели и само така ќе добиете можност за поголема заработувачка.

Пред крајот на месецот, околу 29-ти или 30-ти, некои Бикови може да добијат пари од наследство или на игри на среќа.

Близнаци

Месецов ќе бидете прилично задоволни со парите што ќе ги имате на располагање, а некои од вас ќе имаат можност за заработка и преку работа на хонорарен проект.

Кон средината на март некои Близнаци ќе се соочат со мала загуба (плаќање сообраќајна казна, или вложување пари во неуспешен проект), но тоа нема да влијае многу на буџетот.

Избегнувајте конфликти во семејството за пари и поделба на домашниот буџет на „мој“ и „твој“.

Рак

Март за вас може да биде конфузен во однос на финансиите, зашто ќе имате прилив на пари (можеби и трипати), но веднаш ќе ги снемува од вашата сметка.

Ако сте во долгови, подмирете ги што е можно побрзо, за да не почнете „да тонете“ уште повеќе.

Раковите кои планираат да земат кредит, подобро е да го одложат тоа до следниот месец, дури и за два месеца.

Лав

Ѕвездите овој месец ќе се потрудат да имате прилив на пари и од очекувани, но и од неочекувани извори.

Вие само не треба да се двоумите околу некои одлуки што веќе сте ги донеле - новото решение може да е полошо (од финансиски аспект) отколку старото.

Ако работите во сферата на угостителството, можен е поголем прилив на пари по 20 март.

Девица

Финансиската ситуација овој месец е одлична и тоа ќе го почувствувате најмногу околу средината на месецот.

Девиците кои ќе добијат неочекуван прилив на пари, пожелно е да ги искористат за затворање некој долг или за капитална инвестиција.

Ако работите со странство, и во последните денови од март очекувајте прилив на пари или најава за голем бонус.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Финансиски хороскоп за ноември 2025: Кои знаци ќе добијат повеќе пари, а кои ќе имаат загуба овој ме... Ноември ќе биде поволен месец на финансиски план за Лавовите, особено оние кои и...
Финансиски хороскоп за април 2026: Кои знаци ќе се збогатат, кои ќе останат без пари? Бикови - Овој месец ќе бидете магнет за пари и можно е да имате финансиски прили...
Финансиски хороскоп за јуни 2026: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат парична загуба? За Лавовите ова ќе биде финансиски нестабилен месец и постои можност за загуба, ...
Финансиски хороскоп за јули 2026: Кои знаци ќе имаат добивка, а кои ќе загубат пари месецов? Девиците што работат во семејна фирма или кај пријатели, во јули ги очекува пого...
Финансиски хороскоп за ЈАНУАРИ 2026 - Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Ракови - Овој месец вашите финансии повеќе ќе зависат од другите луѓе откол...
Финансиски хороскоп за октомври 2025: Кои знаци ќе имаат загуба, а кои добивка овој месец? Октомври ќе биде неповолен месец на финансиски план за Овните, до толку што неко...

Најчитани неделава