Финансиски хороскоп за март 2026: Кои знаци ќе имаат загуба, а кои ќе се збогатат?

finansiski-horoskop-za-mart-2026-koi-znaci-kje-imaat-zaguba-a-koi-kje-se-zbogatat-02.jpg

Вага

Ова е месец кога кариерата и парите ќе ви бидат главниот фокус, па ќе пробате да најдете подобро платена работа или да се договорите за покачување на платата на работното место каде што сте во моментов.

Некои Ваги ќе треба да се потолерантни кон луѓето кои им должат пари и да се договорат за рокот на враќање од почеток.

Според астролозите, само мал број на Ваги ќе добијат понуда за хонорарна работа која е добро платена.

Скорпија

Во првата половина на месецот финансиската ситуација ќе биде поволна, а вие ќе продолжите да трошите со несмален интензитет.

Но, кон крајот на март е препорачливо да ги намалите трошоците за да не останете без заштедата или да се најдете во долгови.

Некои Скорпии е можно да почнат да добиваат пари од кирија или изнајмување услуги.

Стрелец

Пред вас е месец кој ќе ви донесе бројни предизвици на финансиски план, а ако не внимавате, можна е и загуба.

Очекувајте поголем одлив на пари ако сте инвестирале во недвижнини или некое луксузно добро.

Некои Стрелци месецов ќе се задоволат со малку, а приоритет ќе ви биде да тргнете пари настрана како заштеда.

Јарец

Ако имате свој бизнис, кој вклучува деловен партнерски однос со Бик, месецов ве очекува голем прилив на пари.

Конечно ќе бидете задоволни, зашто напорната работа вроди со плод, а вие си ја исполнивте целта.

Но, некои Јарци ќе се најдат на крстосница - дали да си дадат отказ и по цена да се некое време без плата или да „трпат“ за да не останат без пари.

Водолија

Ако имате голема амбиција да се збогатите, ова е месецот кога ѕвездите ќе се наместат во ваша полза.

Иако многу работи ќе ви одат од рака, можни се и грешки, особено кога се во прашање „големи пари“ или брзи инвестиции, па сепак размислувајте рационално во однос на парите.

По 20 март е можно да се најдете во дилема дали да позајмите пари на некој на кого му се итно потребни или сепак да го/ја одбиете.

Риби

Ако сакате да остварите парична заработка, месецов ќе мора да бидете попрактични и поефикасни.

Рибите кои работат во сферата на комуникациите треба да бидат повнимателни од останатите при трошењето пари или при финансиско вложување.

Некои од вас ќе размислуваат за земање кредит како најдобра опција за решавање на стара финансиска ситуација.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Финансиски хороскоп за ноември 2025: Кои знаци ќе добијат повеќе пари, а кои ќе имаат загуба овој ме... Ноември ќе биде поволен месец на финансиски план за Лавовите, особено оние кои и...
Финансиски хороскоп за април 2026: Кои знаци ќе се збогатат, кои ќе останат без пари? Бикови - Овој месец ќе бидете магнет за пари и можно е да имате финансиски прили...
Финансиски хороскоп за јуни 2026: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат парична загуба? За Лавовите ова ќе биде финансиски нестабилен месец и постои можност за загуба, ...
Финансиски хороскоп за јули 2026: Кои знаци ќе имаат добивка, а кои ќе загубат пари месецов? Девиците што работат во семејна фирма или кај пријатели, во јули ги очекува пого...
Финансиски хороскоп за ЈАНУАРИ 2026 - Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Ракови - Овој месец вашите финансии повеќе ќе зависат од другите луѓе откол...
Финансиски хороскоп за октомври 2025: Кои знаци ќе имаат загуба, а кои добивка овој месец? Октомври ќе биде неповолен месец на финансиски план за Овните, до толку што неко...

Најчитани неделава