Денес завршува ретрограден Меркур - 3 знаци ќе доживеат голема позитивна промена

Јарец
За Јарците, крајот на ретроградниот Меркур значи дека работите конечно да се поместуваат од „мртва точка“.
Во текот на претходните недели се соочувавте со задоцнети деловни одлуки и договори кои не беа потпишани (а требаше), недоразбирања или побавен напредок од очекуваното.
Но, ова сега се менува, па ве очекува напредок на деловно поле, добри вести поврзани со работата, проектите или финансиите.
Некои Јарци би можеле да добијат потврда или признание за напорите што ги вложиле неодамна - она што претходно изгледаше како пречка, сега е можност за напредок.
Девица
Девиците ќе почувствуваат големо олеснување по завршувањето на ретроградниот Меркур, особено во нивната комуникација со другите луѓе.
Во изминативе недели имавте недоразбирања со блиските, несогласувања со колегите или ситуации каде што моравте дополнително да ги објасните своите намери, коментари, размислувања.
Но работите ќе станат појасни, зашто ќе имате можност да решите стари несогласувања.
Некои Девици ќе имаат можност за важен разговор или помирување со некој од минатото, и тоа во следните неколку дена.
Риби
Бидејќи овој ретрограден Меркур се случи токму во вашиот знак, неговото директно движење ќе го почувствувате особено силно, а позитивно.
Ако во изминатите недели ги доведувавте во прашање своите одлуки, емоциите или животни насоки, крајот на ретроградниот период ќе ви донесе чувство на ментална јасност и нов бран енергија.
Некои Рибите наскоро ќе добијат вести што ќе ги охрабрат да продолжат со плановите што ги одложувале долго.
Други, пак, ќе најдат нова инспирација во работата или креативните проекти и ќе почувствуваат позитивен пресврт во приватниот живот - нова љубов е на повидок.
А. Ј. | Црнобело / фото: Pinterest.com
