Една досадна навика со која ги нервирате сите, според хороскопскиот знак

Вага
Ги заборавате сите кога ќе се вљубите.
Вие сте личност која целосно исчезнува штом ќе се вљуби.
Секој слободен миг го минувате со партнерот и како да заборавате дека во животот имате и други луѓе.
Кога, пак, ќе раскинете, очекувате пријателите да ве пречекаат со раширени раце.
Во ред е да му обрнувате внимание на партнерот, но брзо ќе ги изгубите сите пријатели ако целосно ги заборавате поради него.
Скорпија
Бегате од тешки и проблематични ситуации.
Кога ќе дојде време да ризикувате или да направите нешто повеќе од вообичаено, вие волшебно исчезнувате.
Ако повеќе ви се гледа некоја серија, подготвени сте да го оставите на цедило и најдобриот пријател.
Во ред е да се дистанцирате кога сте изложени на многу стрес, но не заборавајте дека треба да бидете овде за вашите блиски.
Стрелец
Многу сте неуредни и целиот хаос им го оставате на другите.
Кога готвите, успевате да го извалкате секој сад во кујната. Кога барате аутфит, ја вадите целата облека од гардероберот. Кога се туширате, бањата ја правите лом.
Проблемот е што во ваквите ситуации, никогаш сами не си го средувате нередот и го оставате за другите.
Во ред е да бидете малку неуредни, но мора да престанете да чекате другите да чистат по вас.
Јарец
Скржави сте со пари, без разлика колку многу имате.
„Случајно“ го заборавате паричникот, одбивате да делите сметки, не давате ни денар плус ако има потреба… Вие сте личност која е навистина скржава со пари.
Ако сте во тешка финансиска состојба, сосема е разбирливо да бидете многу внимателно. Но, вие се однесувате вака дури и кога имате повеќе пари од целото друштво.
Никој не очекува да трошите залудно, но ни вие не можете да очекувате целиот живот другите да ви ги покриваат трошоците.
Водолија
Деструктивни сте и никогаш не покажувате интерес за другите.
Доста често делувате како луѓето околу вас да ви се здодевни и како да држите дистанца од нив.
Тешко ви е да се зближите со некој, но проблемот е што не се ни трудите.
Ако пак, забележите дека некој пробува да се зближи со вас, почнувате да се однесувате деструктивно, како намерно да сакате да го спречите.
Мора да почнете да работите на односот со другите и да бидете поотворени.
Риби
Расеани сте и постојано заборавате важни работи.
Веројатно не постои порасеана личност од вас во зодијакот.
Влегувате во соба и заборавате зошто сте влегле. Го држите телефонот во рака, а се прашувате каде сте го ставиле. Ако некој ви каже нешто, го заборавате истата секунда…
Во ред е ова да се случува повремено, но кај вас е секојдневие и ги тера другите да мислат дека воопшто не ви е грижа за нив.
Па, пробајте да поработите на оваа карактеристика.
Спирова С. | Црнобело