Хороскопските знаци рангирани според нивното IQ – кој е најинтелигентен?

Рак
Можеби не сте генијот во зодијакот, но ниту еден знак не може да се мери со вашата емоционална интелигенција.
Вие сте сочувствителна личност и можете да ги разберете луѓето на начин кој е невозможен за другите.
Другите секогаш бараат совет од вас и знаат дека само вие можете да им помогнете да се придвижат во вистинската насока.
Бик
Вие не сте личност која сака да брза. Се движите бавно, особено кога се соочувате со нешто ново.
Вашиот најголем проблем е тврдоглавоста која некогаш не ви дозволува да го искористите целиот ваш потенцијал.
Се наоѓате пониско на листата само затоа што некогаш имате проблем и со одолговлекување, па брзината не ви е најјака страна.
Риби
Вие сте интелигентна личност, но неретко мечтаете.
А, кога „летате во облаци“, може да ви биде тешко да следите што се случува околу вас.
Можеби и на училиште сте имале послаби резултати поради ова, а не бидејќи не сте можеле да го совладате материјалот.
Се наоѓате пониско на листата бидејќи имате мали проблеми со фокусот, а не бидејќи не сте паметни.
Овен
Вам ви е тешко да учите нови работи не бидејќи не сте интелигентни, туку бидејќи постојано сте во движење.
Ако треба да вложите повеќе време во некоја област, брзо се откажувате бидејќи не ви се чека.
Спонтани сте и сакате да учите преку искуства и ова можеби не ве прави генијалци, но ве учи како да се снаоѓате и во најнепредвидливи ситуации.
Лав
Интелигенцијата е нешто комплексно, исто како и вие. Но, истовремено, интелигенцијата е нешто што расте и што се менува.
Сепак, вие не сте личност која сака да се менува.
Обично сте фиксирани на едно нешто и се држите до тоа, а токму поради ова се наоѓате пониско на листата.
Отпорот што им го пружите на промените не ви дозволува да учите нови нешта и да разбирате нови перспективи, а ова се работи кои се одразуваат на интелигенцијата.
Стрелец
Само затоа што сте последни на листата, воопшто не значи дека сите други се попаметни од вас.
Причината е тоа што вие сте личност која не сака премногу да се фокусира на едно нешто.
Секогаш ја гледате големата слика и ги игнорирате малите детали, а убедени сте дека вашите мислења се факти.
Кога ќе станете пофлексибилни и ќе бидете отворени да учите нови работи, ќе сфатите дека вашиот коефициент на интелигенција е всушност многу, многу поголем.
Спирова С. | Црнобело