Утре почнува вториот ретрограден Меркур во 2026-та: Како ќе влијае врз секој хороскопски знак?
Риби, ако сте во посериозна врска и ви се чини монотона, бидете сигурни дека периодов ова ќе се промени. Многу работи ќе бидат ставени на тест, ќе има недоразбирања, но ако ги контролирате зборовите, ќе избегнете ескалација.

Ако сакате астрологија, тогаш веруваме дека ретроградниот Меркур ви е синоним за проблеми, расипани планови, караници…
Според астролозите, ретроградниот Меркур навистина е период кога повеќето хороскопски знаци може да очекуваат проблеми во животот.
Но, од друга страна, ова е период и кога веројатно побрзо ќе наоѓате решенија на проблемите, што значи не е сè така лошо.
На 29-ти јуни почнува вториот ретрограден Меркур за 2026-та и ќе трае сè до 23-ти јули, а неговото влијание се чувствува веќе некој период.
Што можете да очекувате вие овој ретрограден Меркур?
Овен
Овој ретрограден Меркур ќе бидете носталгични и ќе ви се роди желба одново да се поврзете со пријатели и познаници од детството.
Можно е повторно да се зближите со личност која порано ви била драга и да го подобрите односот со неа.
Носталгијата ќе ве натера да се свртите и кон семејството и сеќавањата што ги имате со саканите.
Сепак, не дозволувајте премногу да се фокусирате на лошите моменти бидејќи може да ви го расипат односот со блиските.
Бик
Поради ретроградниот Меркур, ќе настојувате постојано да ја менувате насоката во којашто се движите.
Веќе не се ни сеќавате на одлуките што сте ги донеле претходниот месец и драстично ќе си ја смените перспективата за нешто.
Нема ништо лошо во тоа да си го смените мислењето, но луѓето околу вас ќе бидат искрено изненадени, па ќе треба да се објаснувате.
Во ваквите ситуации, проблемите со комуникацијата ќе бидат речиси неизбежни, па важно е да слушате внимателно пред да го кажете вашиот дел.
Близнаци
За време на ретрограден Меркур препорачливо е да избегнувате големи трошоци бидејќи постои можност тоа што ќе го купите да се расипе, да бидете измамени или, едноставно, да не ви се допаѓа.
Ако сепак морате да купите нешто поскапо, добро проверете дали ќе имате опција да го вратите и подгответе резервен план.
Дајте си време за финалната одлука и никако немојте да брзате.
Ретроградниот Меркур ќе има влијание и врз вашата кариера – можно е да обновите договор со некој клиент или да почнете нови преговори на работа.
Рак
Овој ретрограден Меркур се случува во вашиот знак и иако можеби периодот ќе биде заморен, истовремено ќе ви даде можност одново да откриете нешто што ќе ви го промени животот.
Отсекогаш сте го гледале минатото низ розови очила, а сега ова ќе се исплати.
Ќе им се вратите на некои стари хобија и интереси, а можно е да се поврзете и со личност од минатото која ќе стане многу важен дел од вашиот живот.
Лав
На големо изненадување на сите (и на самите себе) овој ретрограден Меркур ќе ве натера да се свртите кон вашата духовна страна.
Ќе се поврзете со вашиот внатрешен глас, можно е да имате многу живописни соништа и интуицијата ќе ви биде мошне изразена.
На почетокот можеби ќе ви биде чудно, но пробајте да го користите овој моќен период за да се поврзете со делот од себе што сте мислеле дека е изгубен.
Девица
За време на ретроградниот Меркур, ќе откриете кои ви се вистинските пријатели.
Ќе ви стане јасно кој се однесува како зрела возрасна личност, а кој само сака драми.
Ако, пак, ви недостасува некој стар пријател, сега е идеално време да стапите во контакт со него.
Разговарајте, разрешете ги конфликтите од минатото и постои голема шанса повторно да се роди пријателството што постоело меѓу вас.