Утре почнува вториот ретрограден Меркур во 2026-та: Како ќе влијае врз секој хороскопски знак?

Вага
Овој ретрограден Меркур ќе ви донесе големи промени во речиси секоја област.
Можеби ќе се навратите на некој стар проект или план, можеби ќе се фокусирате на нешто што сте тргнале настрана, а можеби ќе се здружите со личност со којашто најмалку сте очекувале.
Иако ретроградниот Меркур е период на грешки и недоразбирања, вие лесно ќе се справите во секоја ситуација.
Скорпија
Ќе ви биде тешко јасно да ги изнесете вашите идеи и мисли за време на овој ретрограден Меркур.
Но, штом ќе успеете да го кажете она што треба да биде кажано, подгответе се за пресврт.
Можно е да ви се случи и искуството што ќе ве остави без зборови. Веројатно нема да се случи како што очекувате и ќе дојде со многу прашања, но на крај ќе ви помогне подобро да разберете нешто.
Стрелец
Вие сте личност која лесно простува и заборава, но не и овој ретрограден Меркур.
Периодов ќе бидете почувствителни и ќе сакате да поставувате построги граници во односот со другите.
Ова не значи дека ќе треба да се откажете од простување, туку само ќе треба да бидете искрени кон себе за тоа дали некој заслужува нешто.
Ретроградниот Меркур е одличен период да си разјасните во каква состојба се некои врски во вашиот живот.
Јарец
Овој ретрограден Меркур ќе ви покаже со кој можете вистински да се поврзете и кој ве разбира најмногу.
Ако сте во врска, можно е да се навратите на стар проблем, но токму ова ќе ви помогне да најдете конечно решение.
Ако сте сингл, можно е да се вратите на љубов од минатото, но овој пат со нови, подобри навики кои ќе ги зголемат шансите за успех.
Водолија
Овој ретрограден Меркур пробајте да не се форсирате многу со работа.
Не целосно да се откажете, туку да не дозволите фрустрациите да ве надвладеат.
Дозволете си повеќе време за одмор бидејќи очајно ќе ви треба и најдете начин да си го смирите умот.
Работата нема да оди никаде и ќе ве чека кога ќе бидете подготвени да ѝ се посветите со нови сили.
Риби
Ретроградниот Меркур ќе предизвика вистински ролеркостер во вашиот љубовен живот.
Можеби ќе сфатите дека сегашниот партнер воопшто не ви се допаѓа или, пак, повторно ќе почне да ве привлекува некој бивш партнер.
Ако сте во посериозна врска и ви се чини монотона, бидете сигурни дека периодов ова ќе се промени.
Многу работи ќе бидат ставени на тест, ќе има недоразбирања, но ако ги контролирате зборовите, ќе избегнете ескалација.
Спирова С. | Црнобело