Како се однесуваат хороскопските знаци на плажа?

Вага

По престојот од два и пол часа во бањата, излегуваат од собата, но се враќаат за уште еднаш да погледнат во огледалото и да се поднаместат. Додека одат кон плажата застануваат пред секој излог за да се погледнат себе или да видат што има ново. Уживаат кога сите гледаат во нивниот костим за капење. Во вода влегуваат многу внимателно за да не им се расипе фризурата. Флертуваат со сите. Но ги одбираат оние кои нудат добра ноќна забава.

Скорпија

Тешко се будат бидејќи секогаш ги боли глава од претходната вечер. По туширањето се како нови. Полека одат кон плажата, додека зад темните очила ги набљудуваат сите што ги одминуваат. Одбираат место на страна бидејќи не поднесуваат гужви и врева, но мора да имаат добар поглед на сè што се случува. Штом забележат некој што им се допаѓа, ги симнуваат очилата и почнуваат да флертуваат.

Стрелец

За нив секој ден е забава, оптимизам, добро расположение и авантура. Стрелецот со насмевка трча на плажа наоружан само со еден поголем пешкир и весел дух. Не се оптоваруваат со никакви креми и заштитни фактори. Еден момент се во вода, другиот играат одбојка на песок, не застануваат воопшто.

kako-se-odnesuvaat-horoskopskite-znaci-na-plaza2.jpg

Јарец

Пресметуваат колку им е потребно да потрошат тој ден, но за секој случај уште еднаш проверуваат колку пари ќе им останат. Ја пакуваат торбата со она што им е неопходно, проверуваат дали ги исклучиле сите апарати во хотелската соба, па дури потоа заминуваат на плажа. Во меѓувреме бараат продавници со најевтини цени за храна. На плажата првенствено бара одмор, па затоа бега од места каде што има деца, бидејќи им пречи вревата. Најмногу се радуваат кога ќе најдат некое скриено место меѓу карпи.

Водолија

Никогаш не одат сами на плажа, бидејќи додека стигнат секогаш наоѓаат некој кој им одговара и брзо се спријателуваат. Цел ден го поминуваат заедно, малку во забава, малку во фиолозофски разговори. Директно од плажата одат на луда ноќна забава која трае до раните утрински часови. Не сакаат да се сеќаваат на целата количина алкохол која ќе ја испијат, но според фотографиите сакаат да видат колку им било забавно. Наутро може да се разбудат покрај личност која не им е многу позната, но сепак ќе останат добри пријатели.

Риби

Бидејќи се будат  размислувајќи за смислата на животот, љубовта и страдањата, може малку и да се сожалуваат заради својата судбина. Потоа сфаќаат дека цел свет е несовршено место без нив, па ќе се натераат себе да одат и да им овозможат на другите задоволство да бидат во нивно друштво. Ќе ги засмејуваат со своите духовити досетки, ќе се трудат да ги сослушаат и секому да дадат добар совет. Може да ги привлечат оние личности во кои ќе откријат длабок поглед, со кои може долго да разговараат за судбината која ги споила.

kako-se-odnesuvaat-horoskopskite-znaci-na-plaza-4.jpg



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
Една навика од која треба да се ослободите пред крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак Риби, голем дел од времето мечтаете и упорно бегате од проблемите. Ако сакате 20...

Најчитани неделава