Говорот на телото според хороскопот

Воздух

Близнаци - Според говорот на телото се “најречити“. Зборливи се и љубопитни, весели и духовити, нескротливи и нервозни, а со рацете зборуваат вешто како пантомимичари. Преместувањето нога врз нога, потреба секогаш да држат нешто во рацете зборува за нивната постојана раздвиженост.

Вага - Жените ваги праќаат заводливи, но не и вулгарни пораки, а и мажите на посебен начин ставаат до знаење дека ја забележуваат секоја жена која прошла покрај нив. Привлекувањето внимание е клуч на разбирање помеѓу овој знак. Вагите сакаат да привлекуваат внимание! Жените кокетираат, а мажите се поотворени.

Водолија - Сталожена ладнокрвност кај машките припадници, а кај женските - мирно движење, толеранција. Водолиите се стабилни личности кои секогаш чекорат внимателно.

Вода

Рак - Нивната воздржаност и внимателност се знак за честата несигурност и недоверба во луѓето. Кај жените постојано менување на тонот кога разговараат, цврст стисок со дланката, долг поглед и треперење во најинтимните ситуации.

Скорпија - Говорот на телото е непосреден, а сепак таинствен. Начинот на кој се движат го открива нивното расположение. Во напнати ситуации усните им се стиснати, а погледот насочен во непозната насока. Ако за некој може да се каже “убива со поглед“ тоа е сигурно личност со знак во Скорпија.

Риба - Динамичност и отворен пристап кон останатите. Неспособност да останат статични и постојани, дури и кога имаат можност. Несигурност и потреба за сродна душа ги тераат да комуницираат со потполно непознати личности. Гестикулацијата не им е претерана. Кога не се расположени едвај го померуваат погледот.



Би можело да ве интересира:

Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
Една навика од која треба да се ослободите пред крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак Риби, голем дел од времето мечтаете и упорно бегате од проблемите. Ако сакате 20...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg