Какви се хороскопските знаци кога им недостасува секс: Девиците се неверни, Лавовите нервозни

kakvi-se-horoskopskite-znaci-koga-im-nedostasuva-seks-devicite-se-neverni-lavovite-nervozni-2.jpg

Вага

Вагата не е зависник од секс туку од љубов. Романтични и нежни, тешко ја поднесуваат осаменоста и сексуалната неактивност, па во такви мигови знаат да се оддадат на промискуитет.

Вагите се големи заводници, па сексуалните активности им го хранат егото и секогаш бараат признание или потврда.


Скорпија

Незаситените Скорпии патат од синдромот на пренагласен секс. Нивната страствена природа  ги принудува да си ги задоволуваат нагоните и тоа, што е можно почесто и што повеќе.

Скорпиите може да ја изгубат самоконтролата и да станат опседнати со сексот. Кога освојуваат не се предаваат додека не го добијат посакуваното.


Стрелец

Темпераментите Стрелци сакаат секс на секој можен начин. Веднаш би прифатиле секс за една ноќ, но тоа доживување брзо го забораваат. Сексуалната енергија ја ослободуваат преку спорт, рекреација и забава.

Стрелците се спонтани и можеби токму тоа е тајната на нивната успешност во освојување на спротивниот пол.


Јарец

Јарците со познати како луѓе со изразена самоконтрола и поради таа карактеристика можат долго да ги потиснуваат сексуалните нагони. Тоа не значи дека немаат никакви нагони напротив, тие се многу страствени, но се пребирливи кога е во прашање изборот на партнер.

Јарецот е сексуално активен онолку долго колку што партнерот го привлекува. Затоа Јарците сексуалната апстиненција ја поднесуваат подобро од било кој друг знак. Можат да издржат без секс со месеци, па и со години, а тоа да не се забележи во нивното однесување.


Водолија

Водолиите не се толку зависни од секс и долго можат да апстинираат. Подготвени се отворено да признаат колку долго сексуално не биле активни, мислејќи дека тоа е природна појава. Во сушниот период времето го пополнуваат со забава со пријателите или со некое хоби, додека не излезе некој спонтан интимен момент или врска. Лесниот плен не претставува предизвик за Водолиите.


Риби

Рибите често се жртви на своите длабоки романтични чувства кои делуваат на секој дел од нивниот живот, па така и на сексуалните односи. Не разликуваат секс од љубов, па често се заљубуваат во оној  партнер со кој имаат сексуални односи. Припадниците на овој знак не се зависни од секс, туку од потребата постојано да бидат сакани.



Би можело да ве интересира:

Една добра и една лоша карактеристика што ја имате како родител, според хороскопот? Ракови, вие сте грижлива личност и едни од најдобрите родители во Зодијакот. Но,...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
Од која лоша навика треба да се ослободите за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарец – Прифатете дека неуспехот не значи крај на патот, туку можност за созрева...
Хороскопски знаци кои секогаш се чувствуваат поспано и им треба одмор Лавовите копнеат по рамнотежа и хармонија, па, обидувајќи се да го постигнат ова...
4 хороскопски знаци кои во 2024-та треба да размислат за промена на кариерата Јарци, вие сте олицетворение на амбициите и во кариерата секогаш настојувате да ...
Годишен хороскоп за 2024: Лав Ќе имате голем број финансиски успеси, но тоа не значи дека ќе можете да се преп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg